вторник, 27 април 2010 г.
Руни: Утеха ми е тоа што на СП ќе бидам посвеж
Руни најверојатно ќе биде спремен за настап на последниот лигашки натпревар за црвените ѓаволи оваа сезона против Стоук Сити.
„Задоволен сум што одиграв доста добро оваа сезона во која има светско првенство, но последните два месеци беа тешки за мене во однос на повредите“.
„РАзочаран сум што протуштив неколку натпревари во последните недели, нема играч кој сака да ги гледа останатите, тешко е кога знаеш дека не можеш да влијаеш на некој натпревар, тоа е разочарувачко“.
„Сепак, доколку имам некаква утеха тоа е фактот што најверојатно ќе бидам посвеж за настап на светското првенство“, изјави напаѓачот кој што одигра фантастична сезона во дресот на Јунајтед и беше избран за најдобар фудбалер во Англија за сезоната 2009/10.
Манчестер Јунајтед ќе го ангажира Мауро Босели од Естудијантес
Според информациите од острвоските медиуми, Јунајтед останал во добар контакт со најдобриот играч на Естудијантес, Хуан Себастијан Верон, и тој ќе ја одигра клучната улога во трансферот на Босели на "Олд Трафорд".
Верон веќе разговарал со Босели и го советувал да замине во Англија, бидејќи таму сигурно ќе напредува, а и ќе му се допаѓал животот во Манчестер.
Неговата цена е пет милиони фунти, што за "ѓаволите" секако нема да претставува проблем бидејќи сеуште не ги потрошија парите кои ги добија од трансферот на Кристијано Роналдо.
Планот на Алекс Фергусон е во следната сезона покрај Руни да има уште двајца убиствени јужноамерикански шпица, што наведува на размислување дека деновите на Мајкл Овен и Димитар Бербатов на "Олд Трафорд" се одбројани.