- Откако Јунајтед конечно и тоа против Валенсија, ја прекина црната серија од одиграни натпревари на гостински терен без победа совладувајќи ги шпанците со 1-0 во Лигата на шампионите, "црвените ѓаволи" овој пат му гостуваат на Сандерленд во обид црната серија да ја прекинат и кога е во прашање Премиер лигата. Фулам, Евертон и Болтон се тимовите кои му откинаа значајни бодови на Јунајтед, а според тоа како игра Сандерленд на почетокот од сезоната, тимот на Алекс Фергусон сериозно треба да си ја сфати работата доколку не сака и да му се случи уште едно такво разочарување.
- Добра вест која доаѓа од "Стадионот на светлината" е тоа што менаџерот на Сандерленд и поранешен играч а сегашна легенда на Јунајтед, Стив Брус мака мачи со повредени фудбалери... Па така за дуелот со Манчестер Јунајтед нема да смета на двајцата поранешни играчи на "бебињата", Кјерон Ричардсон и Фрејзер Кембел. Повредени се уште и Менса и Мејлер а Антоан Фердинанд е крајно неизвесен... Уште ако на тоа се надодаде и фактот што позајмениот Велбек нема право на настап против Јунајтед токму поради тоа што е позајмен од Јунајтед, Брус ќе има големи главоболки составувајќи го првиот тим...
- Кај Јунајтед ситуацијата е слична но резервите се далеку поквалитетни од оние на Сандерленд... Иако Алекс Фергусон нема да смета на Валенсија, Руни, Гигс Сколс и Харгрејвс сепак со истите не настапи и на дуелот со шпанците во средата па сепак успеаа да слават а притоа да не примат гол... На таа средба одлична партија пружи десниот бек на Јунајтед, Рафаел комплетно неутрализирајќи го брзиот и талентиран крилен фудбалер, Мата, па така за очекување е Фергусон одново да му укаже доверба.
- Она што е најголема неизвесност, а воедно и огромен плус или минус е настапот на Рио Фердинанд... Доколку биде во составот, јасно е дека одбраната на Јунајтед ќе има далеку полесна задача, отколку доколку биде без него, а од тоа стравуваат сите фанови на Јунајтед.
- Најголемата опасност по голот на Јунајтед би требало да доаѓа од Дарен Бент кој има постигнато 7 голови (5 во лигата) и игра во одлична форма. Во составот на Сандерленд ќе биде и Асамоа Гиан, одличниот напаѓач од Гана кој одигра одлично светско првенство.
Дарен Бент - Најголемата опасност по голот на Ван Дер Сар |
Дали ќе добие шанса да го бомбандира Сандерленд |