My Bloglist

сабота, 16 октомври 2010 г.

Манчестер Јунајтед никако да фати ритам во Премиер Лигата. Во 8-то коло буквално му подари бод на Вест Бромвич Албион играјќи 2-2 на Олд Трафорд иако по првото полувреме имаше водство од 2-0. Иако Ферусон од почетокот го остави Руни на клупата сепак извади силен состав кој едноставно мораше да го победи ВБА.


Со Ван дер Сар на голот, Видиќ, Фердинанд, Евра и Рафаел во одбраната, Керик, Андерсон, Нани и Гигс во средината и Бербатов и Хернандез во нападот Манчестер звучеше доста убедливо и влезе во натпреварот како голем фаворит. И така почна да се одвива натпреварот. Уште во втората минута слободен удар за Јунајтед, кој го изведе Нани по што гостинскиот голман Карсон кратко ја одби топката, а Хернандез се најде во непосредна близина и ја смести во мрежата. 1-0 за Јунајтед. Шансите се редеа, посебно Бербатов кој денеска немаше свој ден и пропушти неколку добри прилики. Токму Бербатов му асистираше на Нани за водство од 2-0 и сите помислија дека натпреварот е веќе добиен само прашање беше конечниот резултат. Само што започна второто полувреме ВБА се закани и по еден слободен удар во 50-та минута топката успеа да помине низ еден куп играчи пред голот на Ван дер Сар и на чуден начин да заврши во голот на Јунајтед за 2-1. Сепак ретко кој очекуваше дека може да се случи она што се случи само 5 минути подоцна. Еден безопасен центаршут од левата страна на гостите, лесна топка која ВДС би ја фатил уште илјада пати, сепак овојпат не беше така. Топката му отскокна од рацете, а во непосредна близина беше Tchoy кој ја смести во мрежата и од ништо од никаде со 2 среќни гола  ВБА дојде до 2-2. Нешто слично се случуваше и во натпреварот со Ливерпул по исто сценарио коха Јунајтед водеше 2-0, па беше 2-2, па со 10-15 мин. до крајот со голот на Бебратов дојде Јунајтед до победа од 3-1. Сега и против послаб противник и со преку половина час игра до крајот Манчестер не успеа да го скрши отпорот на гостите кои одлично се бранеа, а имаа и неколку добри контри кои за среќа не ги реализираа.


Во игра влегоа и Сколс, Руни и Гибсон, но не донесоа ништо ново. На крајот разочарувачки 2-2, додека истовремено Арсенал го победи Бирмингем со 2-1, а Челзи по едно полувреме во моментот на пишување на овој пост имаше 0-0 со Астон Вила на гости.