My Bloglist

сабота, 25 септември 2010 г.

Болтон - Манчестер Јунајтед (Премиер лига, 6 коло)

Рибок стадион, 26 септември, недела, 13:00ч.



- Поразот на Челси од екипата на Ман. Шити како и поразот на Арсенал сред Емирати стадионот од екипата на ВБА е најголемиот мотив на Јунајтед да стигне до победа против Болтон. Со освојувањето на трите бода, на Рибок стадионот, избраниците на Сер Алекс Фергусон би се пробиле на втората позиција на само бод зад Челси. Со тоа Јунајтед ќе се "извади" за лошиот старт на почетокот во Премиер лигата.

- Овој натпревар е своевидно дерби бидејќи станува збор за градови кои се блиску еден со друг. Станува збор за уште едно западно-северно дерби каде Болтон е екипа која им "лежи" на црвените ѓаволи бидејќи во последните 11 гостувања, Јунајтед претрпел само 1 пораз а е во серија и од 5 победи по ред.

- Поволен момент за Фергусон е тоа што ќе настапи со целосно одморен состав кој паузираше сред неделата додека траеа натпреварите од Карлинг купот бидејќи во тие натпревари Јунајтед настапи со комплетно вториот состав. Па така во нападот на Јунајтед се очекува враќање на Бербатов кој се наоѓа во извонредна форма како и на Сколс кој ја доживува својата втора младост.

- Добра вест која доаѓа од Олд Трафорд е секако и појавувањето на Овен Харгрејвс на тренинзите додека Рио Фердинанд кој настапи на средбата против Сканторп докажа дека повредата е минато и се очекува да се појави во тимот и да го одигра својот прв премиерлигашки натпревар сезонава.

Најголемата опасност доаѓа од Елмандер и Бербатов
- Најголемата опасност од редовите на Болтон би требало да доаѓа од Елмандер кој има постигнато 3 гола и од капитенот Кевин Дејвис кој знае како да погоди против Јунајтед а до сега во сезоната има постигнато 2 гола....

- Кај Јунајтед, Бербатов има постигнато 7 гола (6 во Премиер лигата) додека Руни има само 1 постигнат гол и тоа е само мотив повеќе за него на натпреварот со Болтон конечно да заигра како што знае и умее....

Веројатен состав на Јунајтед: ВДС; Невил, Фердинанд, Видич, Евра; Нани, Сколс, Флечер, Парк; Руни, Бербатов

Фергусон ја повикува Кралицата да му даде витешки чин на Рајан Гигс

Менаџерот на вицешампионот Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон смета дека еден од лидерите на тимот Рајан Гигс треба да добие витешка титула „сер".

Шкотланѓанецот мисли дека штом Клајв Едвард се закитил со титулата „сер“ откако го освоил Светското првенство за рагби во 2003-та година, би било логично истиот статус да го добие и Рајан Гигс.

Во Предговорот на новата книга на Рајан - „Мој живот, моја историја“, Фергусон вели дека титулата „сер“ совршено ќе ја материјализира успешната кариера на својот играч кој придонесува многу во Јунајтед.

„Има една награда која може да го означи успехот на Рајан кој го доби во сите овие години и јас верувам дека е само прашање на време кога тој ќе ја добие.“ - вели Сер Алекс.

„Би сакал неговото име да звучи - Сер Рајан Гигс. Зошто да не? На крајот на краиштата кога еден рагби играч како Клајв Едвард стана витез на кралството по освојувањето на Светското првенство во 2003-та година, зошто да не биде и Гигс?“ - се запраша на крајот Фергусон.

Јунајтед е спремен да понуди 20 милиони за Де Геа

Англискиот вицешампион Манчестер Јунајтед сериозно се заинтересира за младиот шпански голман Давид де Геа, јавува денешното издание на Мирор.

Менаџерот на Јунајтед Алекс Фергусон настојува да биде донесен 19-годишниот млад репрезентативец на Шпанија, со оглед на тоа дека ѓаволите треба наскоро да најдат замена за ветеранот Едвин ван дер Сар.

Јунајтет веќе упати една понуда за Де Геа, но таа беше отфрлена од семејството на шпанскиот тинејџер.

После тоа медиумите од островото информираа дека во Јунајтед имаат приготвено чек од 14 милиони, кој ќе послужел за привлекување на голманот на Атлетико Мадрид.

Спорет денешните информации трансферот на младиот играч во Манчестер ќе стане факт ако Ферги и шефовите над него издвојат 20 милиони евра.

Втората варијанта за англичаните е холандскиот репрезентативец Маартен Стекеленбург но според Мирор, трансферот на Де Геа на Олд Трафорд е поверојатен.