понеделник, 10 мај 2010 г.
Ферги се заколнa: Наредната година ја враќаме титулата на „Олд Трафорд“
Мaнчестер Јунајтед ќе биде посилен во наредната сезона и ќе си ја врати титулата од Премиер Лигата, вети менаџерот на црвените ѓаволи, сер Алекс Фергусон.
Денес неговиот тим ја испушти можноста да ја освои четвртата последователна титула покрај тоа што со 4-0 го победи Стоук Сити. Шампион стана Челзи по декласирањето на Виган од 8-0.
„Нормално дека ќе бидеме посилни во следната сезона. Ќе се обидмее да ја вратиме титулата, во текот на летото ќе го подобриме тимот и ќе влеземе во нова борба“, изјави Фергусон.
„Челзи заслужи да стане шампион оваа година. Го поздравувам Карло Анчелоти. Загубивме два пати од нив и тоа е навистина разочарувачки, сепак одигравме и доста добри натпревари во текот на сезоната“, дополни шкотскиот стратег.
Манчестер Јунајтед има вкупно 18 титули во Англија од кои 11 од нив се освоени под раководната палка на Алекс Фергусон.
Заврши сезоната 2009/2010
Ова беше добра сезона за Манчестер Јунајтед но можеше да биде и уште подобра сезона, направивме големи киксови но и другите тимови направија киксови кои неможевме да ги искористиме.
Завршивме не втората позиција со 85 бода еден помалку од Челзи и постигнавме вкупно 120 гола во сите конкуренции.
Треба да жалиме за нерешениот резултат со Блекбурн изгубата од Барнли и од Челзи, иако судиите имаа неколку големи грешки против нас но нетреба нив да ги кривиме.
Би сакал да им ја честитам титулата на фановите на Челзи, но нека знаат дека догодина повторно се враќа кај нас.
Претплати се на:
Објави (Atom)