My Bloglist

вторник, 24 август 2010 г.

Пол Сколс :Никогаш нема да го напуштам Јунајтед

Пол Сколс планира да остане во Манчестер Јунајтед се додека клубот мисли дека има работа за него.

Ветеранот од средниот ред ужива во неговите прекрасни игри на почетокот на оваа сезона и се присетува не неговите времиња на страво-почит.

Еден од главните фактори за неговиот континуиран успех е неговиот глад за игра и решеност да биде најдобар, колку што тој може да биде.

Сколс веќе има 35 години и се пробива кон крајот на неговата кариера, но неодамна призна дека нема планови да се пензионира во скоро време.

Тој, исто така, нема желба да го напушти Јунајтед, со кого има освоено една завидна колекција од големи наслови, и се надева дека ќе му се даде можност да ја продолжи неговата работа на Театарот на Соништата.

Сколс :

"Останав овде зошто мислам дека е најдобриот клуб."

"Се додека менаџерот сакаше јас да играм, јас останав"

"Јас сум од Манчестер, па зошто би сакал да си заминам."

"Како може да ми биде досадно да освојувам титули, да победувам на секој неатпревар секоја недела, да победуваме на повеќето од нив ???"

"На кого може да му биде досадно тоа ??"


Капело го враќа Сколс во репрезентацијата?

Фудбалерот на Јунајтед Пол Сколс е најспоменуваното име на островот. Тој се повлече од репрезентацијата во 2004 година, а со неговите одлични игри на почетокот на новата сезона го имресионираа Капело одново да размисли за враќање на Сколс во репрезентацијата на Англија.