My Bloglist

понеделник, 6 септември 2010 г.

Руни ќе игра против Швајцарија

Вејн Руни ќе игра за Англија на натпреварот со Швајцарија од групата Г на квалификациите за настап на Евро 2012.

Руни е спремен и сака да игра и покрај скандалот. Италијанецот се надева дека Руни ќе ја повтори добрата игра од минатиот петок.

Хицфилд изјави дека очекува Капело да го пушти Руни во игра бидејќи напаѓачот е во одлична форма и неможе да си дозволи играч од неговиот калибар да седи на клупа.

Бебе влезе во составот на Манчестер за ЛШ

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед се реши да го вклучи новото засилување Бебе во групата од 25 фудбалери за натпреварите во Лигата на Шампионите.



Вчера, Јунајтед објави дека Бебе нема да биде пријавен во УЕФА заедно со повредениот, 29-годишен Овен Харгривс но сепак Бебе е регистриран во тимот.

Пике: Сер Алекс ми беше како втор татко на Олд Трафорд

Дефанзивецот на Барселона Џерард Пике изјави дека менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон му бил како втор татко за време на престојот на Олд Трафорд.


Како што е познато, централниот одбранбен играч пред да стекне светски популарна слава беше дел од црвените ѓаволи и играше за Јунајтед помеѓу 2004 и 2008 година.

Пике изјавил дека на 17 години многу работи му недостасувале во Барселона особено храната.

Фергусон ја разбрал неговата ситуација и му помогнал да порасне. За него бил како втор татко.

Хицфелд пред неколку години одбил да го преземе Јунајтед

Селекторот на Швајцарија Отмар Хицфелд пред неколку години одбил да го преземе раководењето со Манчестер Јунајтед.

Причината била тоа што Хицфелд сметал дека англискиот јазик не му бил доволно добар и ќе имал проблеми да постигне успех на Олд Трафорд.

Германскиот стратег беше еден од фаворитите да ја преземи клупата на „црвените ѓаволи“ откако во сезоната 2001/2002 Сер Алекс Фергусон објави дека става крај на тренерската кариера на крајот од сезоната.