My Bloglist

понеделник, 11 октомври 2010 г.

Сити и Јунајтед во градска битка за Торес

Градските ривали Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе се соочат еден против друг во битка за потписот на ѕвездата на Ливерпул, Фернандо Торес.

Шпанскиот репрезентативец се наоѓа во слаба форма и постојано е прогонуван од различни повреди.

Според последните информации, Торес е разочаран од слабата форма на тимот во целина. Дури се зборува дека евентуалната продажба на клубот и скоро сигурно новите сопственици од американската компанија „Њу Ингланд Спорт Венчрс“ нема да успеат да го убедат да остане на „Енфилд".

И покрај загубите на Јунајтед, кои се проценуваат на повеќе од 80 милиони фунти, се очекува од клубот да издвојат солидна сума пари со која ќе купат нови засилувања на зима.

Од Сити пак се надеваат дека длабокиот финансиски џеб ќе им помогне да го победат градскиот ривал за потписот на Торес.

Во текот на летото напаѓачот исто така беше поврзуван со трансфер, но избра да остане во Ливерпул. Сигурно тој веќе жали за својата одлука.

Фергусон подготвува понуда за Бастос

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, подготвува понуда за ѕвездата на Лион Мишеч Бастос.

Фергусон ќе проба да го донесе Бразилецот уште во јануари, а се смета дека неговата цена е околу 20 милиони евра.

Мишел Бастос веќе е и репрезентативец на Бразил, и настапуваше и на Мундијалот во Јужна Африка.

Меѓутоа Манчестер ќе има силна конкуренција за неговиот потпис, бидејќи тој е посакуван од многу гиганти ширум Европа.

Фергусон: Повредата на Валенсија беше страшна вест, но Нани игра фантастично

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон верува дека португалското крило Нани со одличната игра ќе ја пополни празнината создадена од отсуството на еквадорецот Антонио Валенсија.

Младиот напаѓач на „црвените ѓаволи“ заработи тешка повреда на натпреварот од Лигата на Шампионите против Глазгов Ренџерс изминатиот месец и прогнозите говорат дека долго ќе отсуствува од фудбалските терени.

Секогаш е тежок удар да изгубиш кој и да било играч во тимот, но Антонио можеби беше фудбалер од нашиот состав кој покажа најголем развој во последните 12 месеци.


Затоа неговата повредата е тежот удар за нас. Неговата игра од кога потпишавме со него до сега се промени на многу подобро. Се сметаше дека ке му требаат три години да го достигне тоа ниво но тој успеа тоа да го направи многу побрзо.


Но имаме силен состав и ке ги претрпиме последиците. Сега е време Нани да блесне и да покаже што знае. Тој игра фантастична сезона и сигруно ке ја надополни празнината што ја остави Антонио.

Покрај тоа тука се Обертан и Бебе па опциите се поголеми.

Санчез има желба да игра за Манчестер Јунајтед

Ѕвездата на Удинезе, Алексис Санчез изјави дека би сакал да игра за Манчестер Јунајтед.

Чилеанскиот интернационалец, Алексис Санчез имаше одлично се презентираше на Светското првенство во Јужна Африка и го навлече интересот на поголемите клубови.

Информациите велат дека Сер Алекс Фергусон посакува да го ангажира Санчез и тој би можел да биде негова цел во јануарскиот преоден рок.

Јунајтед треба да му плати 17 милиони фунти на Удинезе доколку сака да го ангажира нивниот 21-годишен фудбалер.

Санчез изјави дека би сакал да игра во Јунајтед и дека сепак се зависи од неговиот агент Малга кој разговара со клубовите. И не го интересира било што се додека преговорите не влезат во напредна фаза.

Сер Алекс Фергусон го потврди интересот за Санчез. Го следевме Санчез и импресионирани сме од него, но има и други фудбалери кои ги следиме - изјави Фергусон пред неколку недели.

Го пофали дека тој имаше многу добри натпревари и е интересен фудбалер, но во моментов нема ништо конкретно.

Руни бара зимска пауза во англискиот фудбал

Вејн Руни вели дека Премиер лигата треба да има зимска пауза со цел англиската репрезентација да биде поконкурентна.

Англија во последните децении не може да се пофали со репрезентативни успеси, според многумина уморот на фудбалерите кои немаат пауза во текот на сезоната е една од главните причини за тоа.

За разлика од Премиер лигата, во Шпанија, Италија, Франција и Германија фудбалерите можат да се одморат на полусезоната.

Зимската пауза нема да помогне само за националниот тим, таа ќе биде од корист и за Премиер лигата.

Пред крајот на сезоната на некои натпревари недостасува свежина што е нормално. Сезоната е долга, интензитетот на натпреварите е голем.

Би било фер за фудбалерите доколку има пауза. Само во Англија темпото на натпреварите е толку брзо, потребна е пауза.