My Bloglist

недела, 11 јули 2010 г.

Подготовките започнаа !!

Подготовките за турнејата на Јунајтед низ САД започна уште од вчера во клубската база Карингтон.

Јунајтед ќе тренираат два дена во Карингтон потоа во понеделник заминуваат на турнејата низ Америка, Мексико и Канада каде што ќе одиграат четири пријателски мечеви :
16 Јули CelticvsMan United Celtic V UNITED
21 Јули Philadelphia UnionvsMan United Philadelphia Union V UNITED
25 Јули Kansas City WizardsvsMan United Kansas City Wizards V UNITED

Оваа турнеја ќе ја заврши со супер тимот на составен од сите најдобри играчи од Американската лига МЛС.

28 Јули MLS All-StarsvsMan United MLS All-Stars V UNITED

Денеска беше и објавен тимот со кој Јунајтед ќе оди на турнејата :

Едвин ван дер Сар, Томас Кушчак, Пол Сколс, Рајан Гигс, Димитар Бербатов, Џон О’Шеј, Вес Браун, Рафаел да Силва, Џони Еванс, Дарен Флечер, Дарен Гибсон, Крис Смолинг, Нани, Фабио да Силва, Федерико Македа, ДАни Валбек, Хавиер Хернандес (ќе се приклучи на 27. Јули во Хјустон), Маме Бирам Диуф, Том Клеварли, Ричи де Леат, Кори Еванс, Бен Амос, Габриел Обертан.

Сите играчи кои настапија на Светското Првенство имаат две недели одмон и затоа тие подоцна ќе му се приклучат на тимот на Јунајтед.

Сезона 2010/2011 Новиот Дрес

Новиот дрес на Манчестер Јунајтед за сезхоната 2010/2011 ќе биде презентиран за четири дена пред почетокот на Турнејата на Јунајтед низ Соединетите Американски Држави.

Деталите за новиот дрес на Манчестер дизајниран од Најк се држат во голема тајност но , од фановите на Јунајтед номоже ништо да се скрие и излегоја повеќе слики од новиот дрес на
Манчестер Јунајтед кој ќе биде во ретро стил.