Главниот реализатор на ѓаволите постигна 34 погодоци во сите натпреварувања во текот на оваа сезона и со тоа сосема заслужено ја освои наградата за играч на годината која ја дава Асоцијацијата на професионални фудбалери на Англија.
Руни ја освои оваа престижна награда во конкуренција на Цеск Фабрегас, Дидие Дрогба и Карлос Тевез и на овој начин ова признане оди во рацете на фудбалер на Јунајтед.
Во текот на 2007 и 2008 година за најдобар играч во Англија беше прогласуван Кристијано Роналдо а минатата сезона наградата му припадна на ветеранот Рајан Гигс.
Во својата кариера Руни има три титули на Англија, два Лига купови а еднаш го има кренато и трофејот на Лигата на Шампионите. Во текот на 2005 и 2006 беше добитник на наградата најдобар млад фудбалер во Англија - признане кое годинава му припадна на играчот за врска на Астон Вила, Џејмс Милер.