Дејвид Гил вели дека Манчестер Јунајтед нема да има никакви ограничувања на трошењето и Ферги ќе има пари на располагање за настап на трансфер пазарот
Извршниот директор на ’Црвените Ѓаволи’ фракцијата на фанови кои се обиденија под ’зелно-златната боја’ ја означи како ’малубројни’.
Клубот во изминатиот период поминува низ турбулентен период кога се во прашање случувањата надвор од теренот откакосе поголем број на фанови се приклучуваат на ’зелено-златната’ кампања и го критикуваат начинот на кој семејството Глејзер управува со клубот.
Јунајтед минатото лето го продаде Кристијано Роналдо на Реал Мадрид во светски рекорден трансфер вреден 80 милиони фунти но потоа инвестираше само една четвртина од таа сума за ангажман на Антонио Валенсија и Габриел Обертан.
Сер Алекс Фергусон не донесе ниту една голема ѕвезда а Шкотот својот таков потег го правдаше со изјавите дека ’не може да најде играч со правилна вредност’ откако Реал Мадрид и Манчестер Сити ги нарушиле вредностите на трансфер пазарот со огромните трошења.
Сега во пресрет на летниот трансфер пазар Дејвид Гил повторно нагласува дека Фергусон има на располагање финансиски средства за настап на трансфер пазарот.
За The Independent извршниот директор на Јунајтед рече: “Парите се тука.“
“Луѓето велат дека Алекс го говори тоа бидејќи мора. Но сите што го познаваат Алекс Фергусон знаат дека тој нема да го каже тоа доколку навистина не го мисли.”
“Дефинитивно ние имаме пари за настап на трансфер пазарот.”
“Не сме во ситуација каде што Алекс има ограничувања во она што сака да го направи со клубот. Никогаш не сме кажале: ’Не можешѓе да го направиш тоа, треба да плаќаме камата (за долгот)’.”
“Ние никогаш не сме кажале: ’Не може да го ангажираш тој играч бидејќи е прескап’. Луѓето можеби нема да ми веруваат на ваквите зборви но и Сер Алекс Фергусон ќе ви го потврди ова што јас го говорам.”
За ’зелно-златната’ кампања на фановите, Гил додаде: “Го разбираме правото на луѓето да протестираат но мислам дека тие се малобројни. На стадниот може да се забележи дека тие се малцинство.”