- Сер Алекс Фергусон: - "Промашениот пенал не чинеше три бода"
- Немања Видич: -"Животот подолжува, а од грешките се учи најдобро"
- Рајан Гигс: -"Не смееме да дозволуваме да губиме бодови од речиси добиени натревари"
- По вчерашните 2-2 може да се увиди дека во таборот на Фулам се екстра задоволни од нерешениот резултат додека стручниот штаб и фудбалерите на Манчестер Јунајтед сеуште жалат за пропуштената шанса да ги освојат планираните 3 бода. А како и не би биле кога иако не покажаа којзнае каква игра, сепак имаа водство од 2-1 на само неколку минути до крајот на мечот кога Хангеланд од корнер со глава го постигна изедначувачкиот гол. Неколку минути предходно Нани не искористи пенал за уште тогаш да го реши натпреварот.
- "Не е добро кога на глупав начин губиш бодови а денеска бодовите ги изгубивме токму така. Иако не игравме добро и не ни заслужувме да поведеме со 2-1, ни се посреќи, поведовме, па дури и ни се укажа шанса преку пенал да ги завериме 3-те бода, но наместо тоа ние го промашивме пеналот, а на крајот успеавме и да примиме гол и тоа по само 6 минути откако поведовме. Според мое мислење пеналот мораше да го изведе Гигс а не Нани. Предходната сезона, против Тотенхем кога и Гигс и Нани беа во тимот, Гигс ја превзема одговорноста за изведување пенал и стрелаше прецизно и тоа во двата наврати. Мораше и денеска Рајан да го изведе пеналот"- изјави Фергусон кој ќе заработи и тужба од 1.000 фунти за не појавување на пресот по натпреварот организиран од ББС
Ниту Видич не можеше да го скрие разочарувањето од нерешениот исход:
- "Ова е лош резултат, особено ако се знае дека дека веќе трите бода ни беа во џебот. Тешко е да го проголташ ова реми бидејќи бевме блиску до победата. Да победевме ќе бевме задоволни само од резултатот кога веќе не изигравме како што треба и како што знаеме. Срамота е што примивме гол во последната минута од регуларниот дел и треба што побргу да исправиме и подобриме некои работи во одбраната за да не ни се случуваат вакви моменти повторно. Доколку ова ни служи како грешка од која сме научиле, тогаш ќе немаме проблев во иднина"- изјави српскиот интернационалец и капитен во замена.
-И Рајан Гигс имаше што да каже по крајот на натпреварот:
- "По неуспехот од минатата сезона кога останавме без трофејот од премиер лигата поради само еден бод најверојатно токму Премиер лигата е нашиот приоритет во оваа сезона. Минатата година изгубивме премногу натпревари... Дури седум. Тоа беа натпревари кои ние според нашиот квалитет можевме да ги добиеме. Тоа беше и најразочарувачкото нешто. Во текот на едно првенство знаете дека ќе има изгубени натпревари но сепак тие "изненадувања" мораат да бидат седени на минимум."