Олд Трафорд, 14 септември, вторник, 20:45ч.
- Манчестер Јунајтед, во вторник против екипата на Глазгов Ренџерс, го започнува походот по трофејот во Лигата на шампионите, нешто што успеа да го оствари пред 3 сезони. На Олд Трафорд пристигнува тимот кој е шампион во Шкотска и тим за кој Алекс Фергусон навивал а подоцна и настапувал.
- И повторно, ова е шанса фудбалерите на Јунајтед да докажат дека се доволно квалитетни за да се вбројат меѓу фаворитите за освојување на трофејот во ова натпреварување. А моралот за такво нешто нема да изостане и ако се има во предвид, непредвидливиот кикс кој го направија избраниците на Фергусон во саботата кога му овозможија на Евертон да спаси бод со двата гола примени во судиското продолжение.
- Јунајтед во дуелот со Ренџерс секако e голем фаворит. Во прилог секако оди и тоа што во последните 8 дуели против шкотски екипи, "црвените ѓаволи" изгубиле само еднаш (5 победи и 2 нерешени). Само Селтик успеал да го победи Јунајтед со 1-0 и тоа на Олд Трафорд во сезоната 2006/2007. Од друга страна Ренџерс нема обезбедено победа во Лигата на шампиони веќе 10 натпревари (3 нерешени и 7 порази).
- Рио Фердинанд, кој се враќа на терените по повреда која го чинеше настап на Светското првенство како и настап во првите четири кола конечно се очекувва да дебитира во новата сезона. Се очекува и Вејн Руни да го завземе стартното место во тимот на Јунајтед откако Фергусон се одлучи да го поштеди против Евертон и навивачите на неговиот предходен клуб, како и и да му даде повеќе време да се "среди" од големата фама што се дигна за него во Англија поради веќе добро познатата причина.
- Освен Карик кој е повреден и Овен Харгрејвс кој не е ни регистриран за настапите во Лигата на шампионите, Фергусон ќе ги има на располагање сите фудбалери, што му дава можност на Ферги да одмори дел од првотимците за дерби натпреварот со Ливерпул кој е закажан за 19 септември, недела во рамките од петтото коло од Премиер лигата кое ќе се одигра исто така на Олд Трафорд.