Селекторот на Швајцарија Отмар Хицфелд пред неколку години одбил да го преземе раководењето со Манчестер Јунајтед.
Причината била тоа што Хицфелд сметал дека англискиот јазик не му бил доволно добар и ќе имал проблеми да постигне успех на Олд Трафорд.
Германскиот стратег беше еден од фаворитите да ја преземи клупата на „црвените ѓаволи“ откако во сезоната 2001/2002 Сер Алекс Фергусон објави дека става крај на тренерската кариера на крајот од сезоната.