Стадион: Олд Трафорд, 16 октомври, сабота, 16ч.
- По 14 дена пауза поради настапите на репрезентациите во квалификациите за Европскито првенство, Премиер лигата повторно се актуелизира овој викенд.
- Пред точно 14 дена Јунајтед повторно не успеа да забележи победа на гостински терен па мораше да се задоволи и со бодот кој го освои против подобриот и далеку помотивиран Сандерленд.
- Сепак, оваа сабота избраниците на Сер Алекс Фергусон го пречекуваат тимот кој редовно испаѓа и влегува во премиерлигашкото друштво, Вест Бромвич Албион. На Олд Трафорд Јунајтед игра одлично што е сосема спортивно од тоа како игра на гости. Иако ВБА засега неочекувано одлично котира во лигата и се наоѓа на високото 6-то место сепак не би требало, а не би ни смеело да дојде до уште едно непријатно изненадување, што би значело уште од сега неофицијален крај на амбициите за враќање на трофејот во витрините на Манчестер Јунајтед.
- Во составот на Јунајтед се очекува и враќање на Рајан Гигс кој доби зелено светло од лекарскиот тим за настап против ВБА. И Руни се очекува да заигра уште од стартот а тим како ВБА е одлична можност за англичанецот да постигне гол со кој би му се вратила самодовербата која му е разнишана периодов... Самодовербата сигурно е најголема кај португалецот Нани кој игра во одлична форма веќе подолг период па токму тој се очекува да биде најголемата опасност по голот на гостите...