Голманот на Манчестер Јунајтед, Едвин ван дер Сар ги отфрла гласините кои велеа дека ќе се пензионира по крајот на сезоната.
Тренерот на голманите во Јунајтед, Ерик Стил на почетокот од оваа недела изјави дека очекува ветеренот Ван дер Сар да се пензионира по крајот на оваа сезона.
Сепак 39 годишниот Холанѓанец веднаш ги отфрли ваквите сугестити и инсистира дека тој сеуште не донел одлука за својата иднина.
“Тоа се комплетни глупости.” – рече Ван дер Сар.
“Не знам од каде излегоа овие стории но тоа се глупости.”
“Не знам дали ќе престанам или ќе продолжам со фудбалот по крајот на оваа сезона. Сега не мислам на оваа тема.”
“Дури кон крајот на сезоната ќе донесам одлука. Во моментов сум посветен само на Јунајтед.”