Вејн Руни вели дека Премиер лигата треба да има зимска пауза со цел англиската репрезентација да биде поконкурентна.
Англија во последните децении не може да се пофали со репрезентативни успеси, според многумина уморот на фудбалерите кои немаат пауза во текот на сезоната е една од главните причини за тоа.
За разлика од Премиер лигата, во Шпанија, Италија, Франција и Германија фудбалерите можат да се одморат на полусезоната.
Зимската пауза нема да помогне само за националниот тим, таа ќе биде од корист и за Премиер лигата.
Пред крајот на сезоната на некои натпревари недостасува свежина што е нормално. Сезоната е долга, интензитетот на натпреварите е голем.
Би било фер за фудбалерите доколку има пауза. Само во Англија темпото на натпреварите е толку брзо, потребна е пауза.