Среќните денови зад нив |
Алекс Фергусон веднаш по прес конференцијата за натпреварот со Бурсаспор одговараше на прашањата за Вејн Руни поврзани со неговото заминување од Олд Трафорд..
По сето тоа што периодов можевме да го прочитаме и слушнеме за Руни, би било интересно и вас да ве чуеме што имате да кажете на сето ова? Па затоа да почнеме од почетокот на оваа сага... Дали Руни беше повреден воопшто?
- Да... Руни беше повреден... Иако можеше да тренира скенирањата потврдија дека тој сеуште носеше траги од повредата. Зашто изјави дека не бил повреден можете само да претпоставувате... Навистина разочарувачи... За натпреварот со Сандерленд намерно не го повикав бидејќи моето размислување ми налагаше да му дадам дополнителна недела одмор исполнет само со тренинзи за да настапи одморен за Англија и на тој начин ќе си ја врати формата. Тоа го направив за негово добро.. А зошто тој тоа го изјави не знам...
Дали вашите односи се влошија?
- Никогаш сме немале некаква караница... Никогаш... Сепак треба да сфатиме дека доколку некој фудбалер сака да го напушти клубот во кој игра најлесно му е да каже дека се скарал со тренерот... Тоа е најлесно да се изјави... Можеби и има некакви траги од тоа.. но...
Слушаме и за тоа дека Руни не сака да потпише нов договор. Каква е ситуацијата со преговорите за нов договор?
- Гласините се точни... Дејвид Гил ги почна преговорите со агентот на Руни на крајот на минатата сезона и требаше истите да продолжат по Светското првенство... Сепак на 14 август ми се јави Гил да ме информира дека агентот на Руни му кажал дека Вејн одбил да го потпише понудениот одговор. Ниту јас ниту Гил не можевме да поверуваме... Пред се поради тоа што само месец дена предходно Руни изјави дека Јунајтед е најголемиот клуб и дека токму тука сака да ја заврши играчката кариера...
- Потоа имав разговори и лично со Руни по што тој ми го соопшти она што му го кажа и агентот на Гил.. Желба му е да си оди..... По таа изјава јас само му кажав едно нешто... А тоа беше да запомни едно нешто... Да го репектира клубот и да не прави проблеми и да дава изјави по медиумите... Она што сега се пишува по медиумите... И затоа сум разочаран бидејќи клубот се грижеше за Руни уште во моментот кога Руни потпиша за Јунајтед. Ова го изјавувам затоа што сакам да им ја појаснам ситуацијата на нашите навивачи.. Пред се поради настанатата ситуација на средбата со ВБА кога при резултат 2-2 навивачите почнаа со скандирања за Вејн Руни да влезе во игра но тоа само им го зголеми психиичкиот товар на преостанатите фудбалери...
Дали Јунајтед има добиено понуда за Руни од некој клуб?
- Во моментов не бидејќи Јунајтед сеуште не е подготвен да прима понуди, меѓутоа она што се уште постои е можноста Јунајтед и Руни да воспостават услови за продолжување на договорот....
Сите знаеме за каков играч станува збор... Дали сте разочарани во овој момент од настанатата ситуација?
- Да, и тоа многу сум разочаран. Не ни можам да поверувам. Но кога си менаџер на Манчестер Јунајтед секогаш треба да се справуваш со многу различни ситуации. Сум се справувал и со слични ситуации како оваа. Секогаш постојат разочарувања кога треба да се справуваш со играчи произведени во модерниот фудбал. Сега е многу потешко отколку што тоа беше случај пред подолг период. Тогаш за да потпишеш договор со некој фудбалер повеќе имаше релација тренер-фудбалер-родител на фудбалер. Еве на пример вчера кога го прашав Ван Дер Сар како се чуствува по грешката која ја направи завчера ми кажа дека првиот телефонски повик кој го добил бил од татко му... На тоа јас само му кажав да го послуша советот кој го дал татко му бидејќи токму тој е човекот кого треба да го послуша. Тоа кај денешните млади фудбалери веќе не постои. Во денешно време агентите буквално живеат во џебовите на фудбалерите...
Дали вратата за Вејн Руни е сеуште отворена доколку го смени своето мислење?
- Секако. Дејвид Гил е подготвен да понуди најдобар можен договор на било кој фудбалер во Англија. Јасно е дека Руни е квалитетен фудбалер и токму затоа преговорите почнаа уште летово на 2 години од истек на неговиот договор. Преговорите беа започнати и на иницијатива на самиот Руни кој изјави дека сака да остане овде доживотно. Изјави и дека потпишувањето со Манчестер Јунајтед било најдоброто нешто што тој го направил. Токму поради тоа Дејвид Гил беше подготвен да му понуди најдобар можен договор на Вејн Руни... Договор кој би бил најдобар од сите фудбалери кои играат во оваа држава.