Вејн Руни стави крај на шпекулациите за неговата иднина откако стави потпис на нов петгодишен договор со Манчестер Јунајтед.
Англискиот репрезентативец ќе остане на Олд Трафорд до 2015 година, и со тоа конечно и се става крај на ’сапуницата’ за неговата иднина, која самиот Руни и неговиот клуб ја предизвикаа.
„Тоа беше една тешка седмица, но точно таков интензитет на медиско изразување може да се очекува од клуб како Јунајтед. Му реков на Руни дека вратата секогаш е отворена и може да си замине, но се радувам што тој не го направи тоа.
Понекогаш кога си во некој клуб, не можеш да рабереш колку е тој голем и точно вакви ситуации и одраз на медиумите те отрезнуваат да осознаеш. Мислам дека сега Вејн разбира колку голем клуб е Манчестер Јунајтед.
Се радувам дека тој го прифати предизвикот да им помогне на младите играчи да се развијат, и самиот тој да стане еден од најголемите играчи на Јунајтед“, го коментира договорот на Руни, менаџерот Алекс Фергусон.
После потишувањето на договорот Руни изјави: „Воодушевен сум што потпишав нов договор со Јунајтед. Во последните неколку дена разговарав со менаџерите и сопствениците, кои ме уверија да останам таму каде што припаѓам. Во средата реков дека Фергусон е гениј, неговата доверба и поддршка ме убедија да останам“, изјави Вејн.