My Bloglist

вторник, 5 октомври 2010 г.

Ферги го пронашол заменикот на легендата Гери Невил во резервите на Милан

Англискиот вицешампион Манчестер Јунајтед може да се надева со италијанскиот гигант Милан за потписот на дефанзивецот на Ривер Плата Монтевидео Бруно Монтелонго.

Во моментов 23-годишниот Уругваец игра под наем на „Сан Сиро", но засега Алегри не му дава шанса за докажување во првиот тим.

По крајот на сезоната „росонерите" можат да ја искористат можноста перманентно да го купат дефанзивецот, но сеуште не е јасно дали тоа ќе се случи.

Според последните информации, Јунајтед има многу сериозен интерес за Уругваецот, па дури и Сер Алекс Фергусон веќе испратил скаути да ги следат настапите на фудбалерот.

Шкотланѓанецот смета дека Монтелонго би бил совршен заменик на Гери Невил, кој ќе стави крај на кариерата по крајот на сезоната.

Цената на младиот дефанзивец е околу 10 милиони евра.

Негов трансфер во Јунајтед е во голема мера зависен од Милан и од тоа дали „росонерите" ќе се согласат да го купат перманентно.

Сеуште не е јасно дали тоа ќе се случи, бидејќи до овој момент Бруно игра само за младинскиот тим на „росонерите".