My Bloglist

среда, 17 ноември 2010 г.

Јунајтед не се откажува од Бејл дури и за 4 пати поголема цена

Сер Алекс Фергусон не сакаше да го купи талентираниот Велшанец за 10 милиони во 2007 год, а сега прави се за да го добие за 4 пати поголема цена.


Во 2007/08 година се зборуваше дека Бејл од Сандерленд сигурно ќе се пресели во Јунајтед, но целата работа пропадна околу отштетата, па Шкотланѓанецот се пресели во Тотенхем.

Сега Јунајтед повторно го посакува, јасно е дека би бил идеална замена за сонародникот Рајан Гигс.

Иако талентираниот фудбалер изјави дека сака да остане на "Вајт Харт Лејн", тешко дека Тотенхем ќе одолее на понуда од 40 милиони фунти. Јунајтед сака во таа сума да 'пресмета' и некој од своите играчи, но Спарси не сакаат ни да чујат.

Соочени се со фактот дека конкуренција им се Реал, Интер, Милан и Челзи, па на "Олд Трафорд", според информациите, се подготвуваат да ги исплатат средствата.