Манчестер Јунајтед во 11-то коло во Премиер Лигата забележа тешка победа од 2-1 против Волверхемптон, со два гола на Џи-Сунг Парк. Тимот покажа дека кога се сака се може посебно поради тоа што во 10-та минута Овен Харгривс кој го започна натпреварот, повеќе принудно поради отсуството на повеќе играчи од разни причини, повторно се повреди и беше заменет со Бебе. За овој натпревар не беа во комбинација Руни, Бербатов, Нани, Керик, Андерсон, Гибсон, Гигс и од поодамна Валенсија. Значи цел офанзивен дел од тимот беше аут за овој натпревар, но Манчестер пак победи. Дури и Флечер кој се жалеше на повреда по натпреварот со Бурсаспор, стегна заби и играше при што одлично му асистираше на Парк за првиот гол за водство од 1-0 по првото полувреме. Во вториот дел гостите повеќе се отворија, дури и имаа на моменти поголем посед на топката, по што следеше израмнување на 1-1. Како се ближеше крајот шансите ги имаше се помалку иако топката беше во посед сепак немаше кој да повлече, да направи некој потег. И повторно на сцена стапи Парк во последната минута од 4-минутното продолжение, како брз воз влезе во 16-от, помина 2-3 противнички фудбалери и со одмерен шут го совлада гостинскиот голман за голема радост на трибините и многу важна победа од 2-1. Редно време беше и Јуанјтед оваа сезона да профитира во финишот на еден натпревар. Да се надеваме дека утре Ливерпул ќе го задржи Челзи барем на нерешено па така разликата ќе биде намалена која по денешната победа е само 2 бода.