Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го доведе Ешли Јанг во зимскиот трансфер прозорец.
Крилото на тимот од „Мидлендс“ не е задоволно од развојот на сезоната за својот тим, откако Астон Вила запишаа само три победи во последните тринаесет натпревари, како и од методите на новиот менаџер на тимот Жерер Улие.
Според менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон пак Јанг е идеален заменик на ветеранот Рајан Гигс, како и за алтернатива на Џи Сун Парк.
Дополнителна мотивација за Шкотланѓанецот е тоа дека фудбалерот може да се користи во елиминационата фаза на Лигата на Шампионите ако биде доведен во Јануари. Ако работите не се одвиваат како што треба во зимскиот прозорец Фергусон ќе се обиде да го доведе репрезентативецот на Англија во текот на летото.
Ешли Јанг има договор со Астон Вила до летото 2012, но засега одбива да го продолжи, што дава сериозна желба да го напушти тимот. Интерес за него покажаа уште Тотенхем, Ливерпул и Манчестер Сити.