Минимум шестмина играчи на Манчестер Јунајтед најверојатно ќе го напуштат Олд Трафорд по крајот на сезоната, независно од тоа дали црвените ѓаволи ќе ја освојат титулата или не.
Според информациите до кој дојде англискиот таблоид Мирор, листата на фудбалери кои ќе го напуштат Олд Трафорд се: Едвид ван дер Сар, Томаш Кушчак, Вес Браун, Гери Невил, Овен Харгривс и Мајкл Овен.
Како што е извесно, ветераните Ван дер Сар и Гери Невил потпишуваат едногодишни договори на крајот од секоја сезона, со оглед на нивната возраст. 40-годишниот голман продолжува да брани на високо ниво, но индикациите се дека по секоја веројатност тој ќе стави крај на кариерата по крајот на оваа сезона.
Гери Невил пак е далеку од добрата форма и исто така најверојатно нема да го продолжи договорот. Истото може да се каже и за формата на Вес Браун, кој се поретко се наоѓа на списокот на Сер Алекс Фергусон.
Томас Кушчак, за кого многумина мислат дека нема доволно квалитети да го носи дресот на ѓаволите пред извесно време објави дека сака сериозен разговор со менаџерот во однос на својата иднина. Проблемот на Харгривс се постојаните повреди, можно е тој да стави предвреме крај и на својата кариера.
Мајк Овен исто така често го мачат повреди, а големата конкуренција во редот за напад на Олд Трафорд ќе го принуди да си ја побара среќата во друг тим од Премиер Лигата.
Останатите двајца ветерани на Ферги - Пол Сколс и Рајан Гигс се очекува да останат уште една сезона во тимот.