Гибсон кој беше под договор со Јунајтед со 30 јуни реши да се пресели во Евертон а за тоа беше исплатена сума од 500.000 фунти а вредноста може да се зголеми до 1.5 милиони фунти со најразлични бонуси.
“Евертон го комплетираше трансферот на Дарон Гибсон од Манчестер Јунајтед.” – гласеше соопштението на Евертон.
“24 годишниот репрезентативец на Република Ирска стави потпис на четири ипол годишен договор.”
Гибсон е второ засилување за Дејвид Мојс во јануарскиот преоден рок, откако претходно на Гудисон Парк на краткорочна позајмица се пресели Лендон Донован од ЛА Галакси.