Во јавноста се јавија шпекулации дека Руни и Ферги не се во добри односи по изоставувањето на Руни од тимот за мечот со Блекбурн.
Па се појавија гласини кои велеа дека Јунајтед ке го продаде Руни но веднаш се појави демант и од Руни и од Ферги.
Руни повторно ја покажа својата верност и вели дека сака да игра под водство на Ферги до крајот на неговата кариера.
,,Се Алекс е најдобриот менаџер на сите времиња. Секако дека сакам и ке играм под негова палка до крајот на кариерата''- рече Руни.
,,Тој е одличен менаџер и најголемата причина за преселбата во Јунајтед беше тој.''
,,Во моите очи тој секогаш ке биде најдобриот. Неговиот успех и залагањата за тимот и трофеите говорат самите. Тој е неверојатен менаџер кој има сторено многу за клубот и за мојата игра.''
,,Тој секогаш доаѓа пред фудбалерите секое утро а си заминува последен. Неговата верност желба да се победи посветеноста е фантастична.''