Натпреварот започна со доминација на Јунајтед во обид да се постигне брз гол. Сепак Ливерпул го одби првичниот притисок и играта беше изедначена на средината на теренот. Во финишот на првото полувреме Бербатов го отвори резултатот со удар со глава во пад во 42-ра минута. Во второтo полувреме беше вистинската битка. Манчестер се обидуваше да постигне и втор гол и да го реши натпреварот. Повторно Бербатов стапи на сцена со прекрасен гол со ножички:
И кога сите очекуваја мирно приведување кон крајот на овој натпревар искра надеж за гостите. Еден добар потег на Торес, старт на Еванс и пенал за Ливерпул. Жерард намали на 2-1. Само неколку минути подоцна уште еден кикс на одбраната со фаул над Торес, овојпат О'Ши, и слободен удар од околу 18-метри. Повторно Жерард во главна улога, пронајде пукнатина во живиот ѕид и од никаква игра и шанси Ливерпул стигна до 2-2. Сепак денеска беше пишано очигледно Бербатов да го реши натпреварот и при самиот крај уште еден гол со глава на Бербатов и голема радост на трибините за водството од 3-2. До крај само рутински се задржа топката, без посериозни шанси по што публиката со аплауз ја поздрави победата против омразениот ривал и секако брилијантната партија на Бербатов која можеби беше најдобра откако го носи црвениот дрес.
Бербатов при постигнувањето на третиот гол
Целосен хајлајтс од головите и шансите може да видите тука
Се очекува Челзи да изигра денеска со Блекпул на домашен терен од 17:00, а вчера Арсенал ремизираше на гости со Сандерленд 1-1. Челзи води на табелата со 12 бода(-1), а го следат Манчестер Јунајтед и Арсенал со по 11 бода. Следното коло Јунајтед му гостува на Болтон.