|
Играчите му честитаат на Бербатов за еден од погодоците |
|
- Бугарскиот интернационалец во редовите на Јунајтед, Димитар Бербатов, против Ливерпул го одигра најдобриот натпревар во неговата кариера меѓу "црвените ѓаволи" а можеби и воопшто... Берба одигра маестрално успевајќи да го "матира" голманот Реина дури три пати со што го постигна својот прв хет-трик за Јунајтед. Воедно третиот гол значеше и предност од 3-2, а Бербатов стана првиот фудбалер на Јунајтед од 1946 година на кој му успеало да даде 3 гола против Ливерпул на еден натпревар.
|
Берба по постигнувањето на решавачкиот 3 гол на средбата |
|
"- Денеска е магичен ден, особено за мене бидејќи успеав да постигнам хет трик но и бидејќи го победивме ривалот Ливерпул. Сите беа среќни во соблекувалната по натпреварот, како и јас и затоа дома ќе заминам со насмевка на моето лице бидејќи "добивме" еден многу значаен меч.
Веројатно ова беше најдобриот натпревар кој сум го одиграл во дресот на Јунајтед но не сакам да остане така бидејќи сакам да напредувам, да одиграм уште подобри натпревари од овој. Морам да истакнам дека денеска сите коцки ми се поклопиа. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи кои ме "хранеа" со топки."- изјави најдобриот поединец на дерби натпреварот, Бербатов кој вечерта по натпреварот ќе ја помине дома играјќи со своите деца.
|
Бугаринот задоволен го напушта теренот |