По сите приказни со што се појавија во текот на изминативе неколку дена околу можното заминување на Вејн Руни од Олд Трафор, конечно добија потврда од главниот актер, а тоа самиот напаѓач на Манчестер Јунајтед.
"Минатата недела имав средба со извршниот директор во клубот, Дејвид Гил и тој не ми ги даде бараните гаранции околу мојот статус во екипата", вели Руни.
Откако не добил позитивен одговор од Гил, Руни потенцирал дека нема да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и дека бил изненаден од изјавите на менаџерот, Алекс Фергусон.
"Целосно го респектирам мојот клуб, Манчестер Јунајтед, среќен сум што бев дел од неговата историја. И покрај последните недоразбирања, се што сум постигнал е резултат на соработката со Фергусон, кој многу ми помогна кога на 18 години дојдов од Евертон. Му посакувам тој и натаму да остане во клубот и да продолжи со извонредните резултати", заврши Руни во својата изјава.
“И покрај потешкотиите во последно време, знам дека секогаш ќе имам голем долг кон Сер Алекс Фергусон.”
“За доброто на Јунајтед се надевам дека тој ќе може да продолжи засекогаш бидејќи е гениј.”
По официјалната потврда на Руни дека сигурно си заминува од Манчестер Јунајтед, значи дека од овој момент почнува трката за негово ангажирање во која се Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Сити и Челзи.