Откако стана јасно дека Манчестер Јунајтед наскоро ќе остане без Вејн Руни, менаџерот, Алекс Фергусон се обидува во што е можно покус рок да најде алтернатива во нападот и да ја пополни празнината во овој сегмент од екипата.
Неофицијално, Фергусон веќе го избрал наследникот на Руни во екипата, а станува збор за шпанскиот репрезентативец, Фернандо Љоренте.
Дваесет и пет годишниот фудбалер, сезонава игра во одлична форма и е постигнува погодок скоро на секој натпревар за својата екипа.
Атлетик Билбао својот најдобар играч го проценува на 36 милиони евра, а договорот со тимот од Сан Мамеш му истекува во 2013 година.
Медиумите шпекулираат дека Фергусон за Љоренте е подготвен да плати најмалку 20 милиони, но конечната цена ќе се утврди на крајот од преговорите.