Кралското семејство на Катар планира да понуди 1.7 милијарди евра за да го купи англискиот гигант Манчестер Јунајтед, соопштува англискиот печат.
Катар го освои правото за домаќинство на СП 2022 и се смета дека кралското семејство сака да стане земја со фудбалско име дотогаш. Катарците веќе станаа спонзори на Барселона, а се смета дека договорот е со најголема вредност во историјата на такво спонзорство.
Сега „Мирор“ објави дека катарската кралска фамилија сака да обезбеди огромна сума за трансфери на менаџерот сер Алекс Фергусон.
Во моментов сегашните сопственици на тимот семејство Глејзер не сакаат да го продаваат Јунајтед, но според гласините Катарците имаат одвоени 2.8 милијарди евра за купување на клубот и за нови трансфери.
Оваа шпекулација Глејзери ја кометираа:
Американското семејство Глејзер, кое од 2005 година е сопственик на манчестер Јунајтед испрати порака дека клубот од Олд Трафорд не е на продажба, ниту за една цена.
Претходно англиските медиуми објавија дека Катар Холдингс на чело со шеикот Хамад Бин Јасим Џабр Ал Тани, кој воедно е премиер и на Катар, размислува да го купи Манчестер Јунајтед за сума од 1.7 милијарди евра.
Иако некои сметаа дека семејството глејзер ќе ја искористи ваквата шанса за да заработи, портпаролот на Американците ги негираше шпекулациите за продажба.
"Не стигна никаква понуда за купување на клубот. Но и да стигне, ќе биде ирелевантна, бидејќи клубот не е на продажба", стои во соопштението на клубот.
Од 2005 година Манчестер Јунајтед е во сопственост на американското семејство Глејзер кое клубот го купи за 790 милиони фунти и покрај големите долгови одбива да го продаде.