Менаџерот на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон инсистира дека сеуште не размислува за повлекување од фудбалот. 68 годишниот стратег минатата недела стана менаџерот со најголем стаж во историјата на Манчестер Јунајтед, откако го превзеде кормилото на клубот во 1986 година. Пред девет години тој имаше намера да се пензионира но тогаш се случи познатиот пресврт и Ферги реши да остане на Олд Трафорд. Од тогаш па наваму, Сер Алекс постојано одбиваше да се вклучи во дебатата кога точно ќе стави крај на својата кариера, и сега инсистира дека не размислува за напуштање на Манчестер Јунајтед. “Колку постар станувате, толку повеќе сте загрижен за тоа кога ќе се пензионирате.” – рече Шкотот за MUTV. “Почнувате да мислите дека се додека ве служи здравјето и имате добар фитнес, треба да продолжите со вашата работа.” “Сите мисли за пензионирање се во втор план.” “Кога кажав дека заминувам, направив грешка. Во тоа време имаше одредени причини за сето тоа. Тоа беше една до оние работи.” |