Рајан Гигс потврди дека планира и следната сезона да го носи дресот на Манчестер Јунајтед
37 годишниот Велшанец во последните неколку години добива едногодишен договор од ’Црвените Ѓаволи’ и вообичаено на пролет се носи одлуката дали Гигс ќе продолжи со играњето фудбал.
Гигс сега вели дека и понатаму се чувствува способен за настап на највисоко ниво па затоа очекува и следната сезона да го носи дресот на Манчестер Јуанјтед.
“Во моментов сум прилично среќен што сеуште играм и уживам во мојот фудбал исто како и во минатото.” – рече Гигс.
“Реков дека ќе продолжам да играм доколку сеуште уживам во фудбалот и доколку тренерот сеуште ме избира за настап.”
“Ќе имаме преговори за мојата иднина но јас со нетрпение очекувам да играм и следната година.”
Сеуште не е ставена временска рамка за преговорите помеѓу Јунајтед и Гигс но се очекува ветеранот да добие нов договор.
“Не знам кога преговорите ќе бидат комплетирани.”
“Ние бевме прилично релаксирани околу ова прашање во претходните години и вообичаено за кратко време се постигнуваше согласност.”
Гигс на средбата со Тотенхем го одигра 600от натпревар во Премиер Лигата и за ваквиот успех доби многу пофални зборови од Сер Алекс Фергусон.
“Добро е кога се слушаат пофални зборови од менаџерот.” – продолжи Гигс. “Тој прв ќе ми каже доколку не играм добро или доколку мојата форма не е добра. Разговараме многу и многу сме искрени еден кон друг.”
“Ми кажува кога нема да играм, имам одличен однос со него и затоа сеуште сум тука.”