My Bloglist

четврток, 22 јули 2010

Хавиер Ернандез 14 - Чичарито


Новото засилување на Манчестер Јунајтед младата ѕвезда на мексиканската репрезентација кој покажа прекрасни игри на Светското Првенство во Јужна Африка и постигна два гола го зеде бројот 14 до сега тој број не им се покажа како баш добар број на Алан Смит и Зоран Тошиќ .

Наместо неговото презиме Ернандез над бројот 14 ќе стои неговиот прекар Чичарито. Да се надеваме дека Чичарито ќе блесне во Јунајтед и ќе стане една од најголемите ѕвезди во тимот.

Со среќа Чичарито.

Повеќе за Чичарито на официјалната страница на Манчестер Јунајтед.

http://www.manutd.com/default.sps?pagegid={FE60904B-C2A8-4E60-9B05-700DBBC29BBC}&section=playerProfile&teamid=458&bioid=94370

Јунајтед - Филаделфија 1:0



Вчере после полноќ Манчестер го одигра вториот натпревар од Турнејата низ САД против Филаделфија, во истоимениот град и стадион.

Повторно младите играчи на Јунајтед Обертан, Велбек, Македа ,Смајлинг покажаа прекрасна игра исто како и против Селтик каде што Јунајтед тепаше 3:1 со погодоците на Димитар Бербатов, Велбек и Клеверли.

Јунајтед покажа прекрасна игра во првото полувреме ја држеше топката и напаѓаше но и противникот не беше за потценување и тие имаа неколку посериозни шанси.Но единствениот гол падна на страната на Јунајтед т.е во 75та минута по грешка на еден од играчите на противникот, кога топката дојде до Велбек, кој прекрасно втрча и уште поубаво додаде до Обертан кој без многу проблеми ја пласираше топката блиску до противничкиот голман.

Манчестер вчера настапи со овој состав :

Голман :
Kuszczak
Одбрана :
O'Shea
Evans
Brown
Fabio
Средина :
Obertan
Scholes
Cleverley
Giggs
Напад :
Welbeck
Macheda

Хајлајти од вчерашниот натпревар може да ги погледнете овде http://www.youtube.com/watch?v=7f9uTpWXs1w&feature=player_embedded

четврток, 15 јули 2010

Претставен новиот домашен дрес

Како што објавивме пред два дена дека на 15 и официјално ќе се претстави новиот домашен дрес тоа и се случи денеска.
Тоа е истиот дрес кој и ние ви го покажавме пред два дена.

Новиот дрес претставува комбинација од историјата на тимот(ретро стил како во 70'те) и новата технологија, бидејќи новиот дрес на Јунајтед ќе биде еколошки дрес направен од само рециклирани шишиња пластика итн.








недела, 11 јули 2010

Подготовките започнаа !!

Подготовките за турнејата на Јунајтед низ САД започна уште од вчера во клубската база Карингтон.

Јунајтед ќе тренираат два дена во Карингтон потоа во понеделник заминуваат на турнејата низ Америка, Мексико и Канада каде што ќе одиграат четири пријателски мечеви :
16 Јули CelticvsMan United Celtic V UNITED
21 Јули Philadelphia UnionvsMan United Philadelphia Union V UNITED
25 Јули Kansas City WizardsvsMan United Kansas City Wizards V UNITED

Оваа турнеја ќе ја заврши со супер тимот на составен од сите најдобри играчи од Американската лига МЛС.

28 Јули MLS All-StarsvsMan United MLS All-Stars V UNITED

Денеска беше и објавен тимот со кој Јунајтед ќе оди на турнејата :

Едвин ван дер Сар, Томас Кушчак, Пол Сколс, Рајан Гигс, Димитар Бербатов, Џон О’Шеј, Вес Браун, Рафаел да Силва, Џони Еванс, Дарен Флечер, Дарен Гибсон, Крис Смолинг, Нани, Фабио да Силва, Федерико Македа, ДАни Валбек, Хавиер Хернандес (ќе се приклучи на 27. Јули во Хјустон), Маме Бирам Диуф, Том Клеварли, Ричи де Леат, Кори Еванс, Бен Амос, Габриел Обертан.

Сите играчи кои настапија на Светското Првенство имаат две недели одмон и затоа тие подоцна ќе му се приклучат на тимот на Јунајтед.

Сезона 2010/2011 Новиот Дрес

Новиот дрес на Манчестер Јунајтед за сезхоната 2010/2011 ќе биде презентиран за четири дена пред почетокот на Турнејата на Јунајтед низ Соединетите Американски Држави.

Деталите за новиот дрес на Манчестер дизајниран од Најк се држат во голема тајност но , од фановите на Јунајтед номоже ништо да се скрие и излегоја повеќе слики од новиот дрес на
Манчестер Јунајтед кој ќе биде во ретро стил.