My Bloglist

сабота, 30 октомври 2010

Манчестер Јунајтед влегува во серија победи

Манчестер Јунајтед го доби дуелот со Тотенхем во 10-то коло од Премиер Лигата со 2-0 со што направи серија од 4 победи заедно со натпреварите од ЛШ и Карлинг Купот. 


По подолго време видовме подобра игра од тимот на Манчестер со доста шанси, со многу цврста одбрана недозволувајќи му на противникот многу простор за игра. Хернандез повторно се најде во нападот заедно со Бербатов, но тие не беа стрелци денеска. Капитенот Видиќ му донесе водство на Јунајтед со гол со глава по изведен слободен удар на Нани. Добро шанси имаа и Парк и Нани со шутеви од далечина. Во второто полувреме Манчестер рутински ја одржуваше играта, а Фергусон добро го процени тоа правејќи двојна измена уште во 61 мин. кога во игра влегоа Сколс и Браун на местото на Бербатов и Рафаел, оставајќи го Хернандез само во нападот. Кога сите очекуваја натпреварот да се приведе до крај со резултат 1-0 една интересна ситуација во 16-от на гостите. Нани беше во пробив, изгледаше како да игра со рака, но бараше и старт за пенал. Немаше ни едното ни другото, а голманот на Тотенхем, Гомез ја постави топката 5-6 метри понапред како за изведување слободен удар. Тоа го искористи Нани и од зад грб дури и по претходно “консултирање“ со судијата шутираше во празниот гол и го постави конечниот резултат од 2-0. 



Во ова коло славеа и Челзи кај Блекбурн со 2-1 и Арсенал дома со Вест Хем со 1-0, додека Сити изгуби кај Волверхемптон со 2-1. Така на табелата Челзи води со 25, Арсенал и Манчестер имаат по 20 а Сити 17.

Следен натпревар со Бурсаспор во ЛШ на гостински терен во Вторник, 02. 11. 2010, 20:45.