My Bloglist

вторник, 21 декември 2010

Јунајтед спрема 30 милиони евра за Модриќ

Островските медиуми денеска пишуваат дека Лука Модриќ е првиот избор на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон за главен креатор на играта во средниот ред.

Истите извори наведуваат дека за услугите на хрватскиот репрезентативец, кој на Вајт Харт Лејн стигна летото 2008 година за 16.5 милиони, Фергусон е подготвен да плати 30 милиони фунти.

Кога ваквиот трансфер би се реализирал, Модриќ би станал убедливо најскапиот хрватски фудбалер во историјата.

Меѓутоа, се со цел да се реализира трансферот на Модриќ на Олд Трафорд, шкотскиот стратег би можел да ги искористи и некои од своите играчи од кои во целост не е задоволен. Во нив спаѓат искуните Вес Браун и Мајкл Керик, или нешто помладите Андерсон, Дарон Гибсон и Том Клеверлеј.

Од друга страна, менаџерот на Тотехем, Хари Реднап ги прави сите напори да го задржи Мордиќ во своите редови, иако големината на клубот и трофеите кои се далеку поспецифични за Јунајтед лесно би можеле да го одведат хрватот во Манчестер.

Бербатов повторно фудбалер на годината во Бугарија

Играчот на актуелниот премиерлигашки вицепрвак Манчестер Јунајтед Димитар Бербатов по седми пат во кариерата и четврти по ред е избран за бугарски фудбалер на годината.

Напаѓачот на „црвените ѓаволи“ овој пат победи пред напаѓачот на турски Газијантеп, Ивелин Попов и голманот на холандскиот шампион Твенте, Николај Михајлов.

Бербатов е рекордер по бројот на признанија наменети за фудбалер на годината во Бугарија, а зад него е Христо Стоичков кој истото признание го доби пет пати.

„Би ве замолил повеќе да не гласате за мене. Би сакал наградата да ја добие некој млад играч." - скромно изјави Бербатов по доделувањето на наградите во Софија.

Пепе на Олд Трафорд?

Според пишувањето на некои медиуми во Англија за дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе заинтересирани неколку членови на Премиер лигата.

Прв на листата е Манчестер Јунајтед, кој очекува дека Португалецот на Олд Трафорд може да се пресели уште во јуни, а менаџерот Алекс Фергусон смета дека тој е одлично засилување за неговиот ослабен одбранбен ред.

На списокот на заинтересирани клубови од Англија за Пепе, кој летово најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид се наоѓаат уште Манчестер Сити и Челзи.