My Bloglist

среда, 18 август 2010

Јунајтед со победа ја отвара битката за титулата.

Манчестер Јунајтед со победа ја започна премиер лигата и походот кон титулата откако лесно славеше над Нукасл со 3-0.

'Црвените Ѓаволи' на Фергусон лесно успеаа да го совладаат Нукасл во последниот натревар од првото коло во Премиер Лигата.

Првиот гол за Јунајтед го постигна Бербатов во 33та минута по одличното додавање од Пол Сколс.

Нo целата акција беше создадена по грешката на Гутиерез, кој загуби топка на својата половина.

Џон О'Шеј го проигра Сколс, кој упати топка во форот за Бербатов, дефанзивецот на Нукалс, Енрике не успеа да го стигне додавањето по што Бербатов упати силен удар на подалечниот агол од голот на Харпер.

На четири минути пред крајот на првиот дел беше и 2-0 откако Флечер одлично се снајде во петерецот на Нукалс по што ја затресе мрежата на Харпер.

Нани и Евра одлично проиграа по левата страна по што бекот на Јунајтед продре во шеснаесетникот на Нукалс.

Евра потоа упати силна топка по земја во срцето на петерецот која Руни ја допре доволно за да му ја намести на Флечер кој биеше неодбранливо од неколку метри.

Конечните 3-0 ги постави Рајан Гигс во 85та минута откако по асистенцијата на Сколс кој беше избран за играч на мечот упати прецизен волеј удар.

На овој меч за Јунајтед настапија:

Van Der Sar,
O'Shea, Vidic, Evans, Evra
Valencia, Nani, Scholes, Fletcher
Berbatov и Rooney.

Rooney ја напушти играта во 63та минута кога беше заменет од Hernandez.
Nani ја напушти играта во 71ta минута кога беше заменет од Giggs.
Последната замена за Јунајтед беше Rafael koj влезе во 87та минута на местото од Evra.

Овој меч кој се играше на 'Old Trafford' го следеа 75221 гледачи.

Следен меч на Јунајтед е во недела на 22 август против незгодниот Фулам на 'Craven Cottage'.