My Bloglist

понеделник, 9 јануари 2012

Избрани најдобрите 11 според ФИФА, Ферги со нова награда!

Фифа ги избра најдобрите 11 играчи за изминатата 2011 година. Составена од играчи на 3 клуба. (Барселона, Реал Мадрид и Манчес
тер Јунајтед) Еве ги избраниците на ФИФА:
Голман- Икер Касиљас
Одбрана- Дани Алвеш, Неманја Видич, Жерард Пике и Серхио Рамос
Средина- Чави Алонсо, Чави Ернандез и Андес Иниеста
Напад- Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Вејн Руни




Сер Алекс Фергусон ја доби наградата за најдобар менаѓер во историјата на фудбалот;
Пеп Гвардиола најдобар менаѓер изминатата 2011 година;
Нејмар најдобар гол за 2011 година.

Пол Сколс се врати!

 Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс се врати во акривно играње фудбал, со цел да помогне во клубот. Сколс го доби бројот 22, а истиот број го носеше во сезоната 95/96.
По тешкиот пораз на Јунајтед од Њукастл, се ширеа гласини како Пол Сколс може да се врати од пензија и да заигра за својот клуб Манчестер Јунјатед. Сколс настапи на натпреварот од Фа Купот против Манчестер Сити. Сколс на овој натпреват одигра одлични 30 минути. Сколс потпиша нов договор со Јунајтед кој важи до крајот на сезоната!

Ливерпул-Манчестер Јунајтед следно коло Фа Куп

 Манчестер Јунајтед по победата над Сити со 2-3, во наредното коло од Фа Куп го доби својот лут ривал Ливерпул. Црвените имаа одличен настап на Енфилд и со петарда го испратија дома тимот на Олдам. Натпреварот ќе се одигра при крајот на овој месец!

Јунајтед подобар од Сити во Фа Куп!

 Највозбудлива пресметка во изминатово коло од Фа Куп беше градското дерби помеѓу Ѓаволите и Граѓаните. Јунајтед на Етихад Стадионот го совлада својот најголем ривал оваа сезона. Сити не успеа да се спротистави на избраниците на Фергусон, со што Манчини и своите фудбалери не успеаа повторно да го победат Јунајтед и да останат во трка за одбрана на титулата во Фа Куп. На овој натпревар настапи легендата на Јунајтед, Пол Сколс кој повторно се врати во тимот за да помогне на своите соиграчи.
 Јунајтед одлично го започна натпреварот. Веќе во 11 минута, Валенсија упати центаршут кон голот на Сити, а Руни лесно ја смести топката во противничката мрежа. Минута подоцна поради остар старт на Компани над Нани, судијата му покажа црвен картон на играчот од Сити. Јунајтед со играч повеќе на теренот го зголеми своето водство на 0-2 во 30 минута, благодарение на младиот Велбек. Во 39 минута беше досудена и најстрогата казна. Руни го изведе пеналот, но голманот на граѓаните се обиде за миг да го зачува голот. Англичанецот од одбиена топка без никаков проблем ја смести топката за водство од 0-3 до крајот на полувремето.
 Во почетокот на вториот дел, Коларов изведе одличен слободен удар за намалување на негативата на 2 гола. Јунајтед ја имаше контролата на играта, но Агуеро ја искористи својата шанса за намалување на 2-3 и приреди возбудливо продолжение на натпреварот. Сити се обидуваше да изедначи, но Јунајтед го зачува водството до крајот на натпреварот со што го елиминира Сити од Фа Куп.