My Bloglist

сабота, 13 ноември 2010

Руни се врати во Манчестер откако се рехабилитираше

Вејн Руни викендов се враќа во Манчестер по престојот во САД каде што се рехабилитираше од повредата на зглобот.

Вејн Руни се враќа од САД, во текот на денешниот ден треба да долета во Манчестер, а во понеделник се закажни тестови со медицинскиот тим на Јунајтед каде што ќе се утврди дали повредата е минато.

Асистент менаџерот, Мајк Фелан е задоволен од информациите кои пристигнуваат за фитнесот на Руни и се надева дека фудбалерот ќе биде подготвен за акција.

"Вејн работеше многу напорно, тренираше и наутро и попладне" - изјави Фелан.

"Нашите луѓе кои беа таму со него, се навистина задоволни од неговото однесување и залагање".

"Се помина добро, тој би требало да има убаво враќање".

"Ќе видиме како ќе биде во понеделник, но веруваме дека се ќе биде во најдобар ред".