My Bloglist

среда, 20 октомври 2010

Вејн Руни со соиграчите сними реклама за Turkish Airlines

Вејн Руни заедно со своите соиграчи од Манчестер Јунајтед е во реклама за Turkish Airlines која денеска е промовирана.

Рекламата со ѕвездите на Јунајтед е снимена пред неколку месеци, но денеска во преку 80 земји ќе биде промовирана за време на дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и турскиот шампион Бурсаспор.

Ѕвезда во рекламата е Вејн Руни кој во моментов е топ тема во сите медиуми поради неговото евентуално заминување од Манчестер Јунајтед.

Руни несакајќи упатува топка со волеј кон главата на Сер Боби Чарлтон, но Ван дер Сар во последен момент спасува тој да биде удрен.

Погледнете:

http://www.youtube.com/watch?v=ZURX6S6NNh0&feature=player_embedded

Јунајтед брза да најде замена за Руни

Откако стана јасно дека Манчестер Јунајтед наскоро ќе остане без Вејн Руни, менаџерот, Алекс Фергусон се обидува во што е можно покус рок да најде алтернатива во нападот и да ја пополни празнината во овој сегмент од екипата.

Неофицијално, Фергусон веќе го избрал наследникот на Руни во екипата, а станува збор за шпанскиот репрезентативец, Фернандо Љоренте.

Дваесет и пет годишниот фудбалер, сезонава игра во одлична форма и е постигнува погодок скоро на секој натпревар за својата екипа.

Атлетик Билбао својот најдобар играч го проценува на 36 милиони евра, а договорот со тимот од Сан Мамеш му истекува во 2013 година.

Медиумите шпекулираат дека Фергусон за Љоренте е подготвен да плати најмалку 20 милиони, но конечната цена ќе се утврди на крајот од преговорите.

Изјавата на Руни е: Заминувам од Јунајтед

По сите приказни со што се појавија во текот на изминативе неколку дена околу можното заминување на Вејн Руни од Олд Трафор, конечно добија потврда од главниот актер, а тоа самиот напаѓач на Манчестер Јунајтед.

"Минатата недела имав средба со извршниот директор во клубот, Дејвид Гил и тој не ми ги даде бараните гаранции околу мојот статус во екипата", вели Руни.

Откако не добил позитивен одговор од Гил, Руни потенцирал дека нема да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и дека бил изненаден од изјавите на менаџерот, Алекс Фергусон.

"Целосно го респектирам мојот клуб, Манчестер Јунајтед, среќен сум што бев дел од неговата историја. И покрај последните недоразбирања, се што сум постигнал е резултат на соработката со Фергусон, кој многу ми помогна кога на 18 години дојдов од Евертон. Му посакувам тој и натаму да остане во клубот и да продолжи со извонредните резултати", заврши Руни во својата изјава.

“И покрај потешкотиите во последно време, знам дека секогаш ќе имам голем долг кон Сер Алекс Фергусон.”

“За доброто на Јунајтед се надевам дека тој ќе може да продолжи засекогаш бидејќи е гениј.”

По официјалната потврда на Руни дека сигурно си заминува од Манчестер Јунајтед, значи дека од овој момент почнува трката за негово ангажирање во која се Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Сити и Челзи.