My Bloglist

понеделник, 16 јануари 2012

Баерн загреан за Бербатов

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон пред неколку недели објави дека Димитар Бербатов ќе остане во клубот, но шпекулациите за неговата иднина продолжуваат.

Според англиските медиуми, постојат големи шанси Димитар Бербатов да заигра за Баерн Минхен. Челниците на германскиот клуб веќе контактирале со агентот на бугарскиот интернационалец, како и со Манчестер Јунајтед.
 
Понудата на Баерн Минхен е тешка осум милиони фунти, а договорот на Бербатов со Манчестер Јунајтед истекува на крајот од оваа сезона со што шансите за тоја да го напушти клубот се многу големи.

Челниците на Јунајтед би можеле да ја активираат клаузулата за продолжување на договорот, но тоа е малку веројатно затоа што оваа сезона тој беше во првата постава на само девет од вкупно 31 натпревар на Јунајтед.
 
На Баерн Минхен му е потребен напаѓач затоа што Олиќ е блиску до напуштање на тимот и негова идеална замена би бил Бербатов, но за бугарскиот интернационалец е заинтересиран и неговиот поранешен клуб, Баер Леверкузен.

Позитивни критики за Валенсија


Антонио Валенсија роден на 4 Август 1985 и има 26 години и игра во Манчестер Јунајтед доби премногу позитивни критики.Иако во мечот во саботата со Болтон  кој заврши 3-0 тој не постигна нити еден гол тој во минатиот месец постигна 7 асистенции и исто така против неговиот поранешен тим (Виган) тој постигна 1 гол во 75-тата минута.Тој во Јануари на Etihad Stadium го постави првиот гол на Руни.Патрис Евра се пошегува и рече ,,Валенсија како да има лапнато мотор,,. Toј во цела кариера во Манчестер Јунајтед (2009-2012) има постигнато вкупно 13 гола.Тој во Манчестер Јунајтед игра под број 25.