My Bloglist

петок, 20 август 2010

Фергусон го победил Реал.

Сер Алекс Фергусон смета дека го победил Реал во трката за Бебе. Реал претходно се интересирал за Бебе но Фергусон донесол брза одлука и се надева дека не погрешил.

Фергусон: Рио се враќа кон крајот на септември.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон очекува Рио Фердинад да се врати на терените кон крајот на септември
Фердинанд заработи повреда на средниот лигамент на коленото на првиот ден од тренинг кампот на Англија во Јужна Африка по еден судир со Емил Хески.

Првичните прогнози на Манчестер Јунајтед сугерира дека 31 годишниот дефанзивец ќе биде подготвен за стартот на новата сезона.

Сепак, ’Црвените Ѓаволи’ го поместија крајниот рок за враќање на терените и Сер Алекс Фергусон вели дека Рио Фердинанд треба да се врати во игра дури на крајот од септември.

“Се работеше за повреда на средниот лигамет а не на вкрстениот, па времето за опоравување е точно како што мислевме.”

“Се беше многу лудо. Нема никаква врска со неговиот грб. Едноставно треба да го лечиме соодветно. Ваквите работи никогаш не се лесни.”

Сер Алекс Фергусон потоа потврди дека Алекс вчера се вратил на тренинзите.

22 годишниот Бразилц во февруари оваа година заработи повреда на вкрстените лигаменти и плејмејкерот би можел да се бори за место во тимот на Ферги за четвртото коло од Премиер Лигата кое се игра по паузата за интернационалните натпревари.

“Добрите вести се за тоа што Андерсон започна со фудбалски тренинзи вчера.”

“Ние сме задоволни поради тоа.”

Манчестер Јунајтед нема нови повредени фудбалери по дуелот со Њукасл и Патрис Евра не чувствува никакви проблеми по судирот со рекламното пано.

Фергусон исто така очекува една недела екстра тренинг да им користи на Мајкл Овен и Мајкл Керик, фудбалери кои не настапија против Њукасл.

“Ми беше тешко кога го одбирав составот за дуелот во понеделникот бидејќи некои фудбалери нема поминато многу време на теренот.”

“Тие не беа на потребното фитнес ниво, но сега имаат една додатна недела тренинзи, и би требало да се чувствуваат многу подобро.”

Руни 1076 минути без гол, Ферги смета дека е еден од најдобрите.

Големата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни изгледа заборавил како се постигнува гол, нешто што во изминатата сезона го правеше доста лесно постигнувајќи 34 голови во сите натпреварувања.

Речиси пет месеци или 1076 минути „гол-машината“ не функционира, а последниот погодок на Руни датира од 30. Март кога Руни во втората минута постигна погодок против Баерн Минхен, но и покрај ова менаџерот на „црвените ѓаволи“ Сер Алекс Фергусон и понатаму смета дека 24-годишниот англиски репрезентативец е еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Според Шкотланѓанецот, Руни сеуште е млад фудбалер, кој продолжува да учи, а по 2-3 години може да се очекува тој да го стигне врвот на својот потенцијал.

„Вејн е еден од најдобрите напаѓачи на светот. Тој сеуште е млад и има што да учи каде да се развива. Кога некој играч ќе биде на 26 или 27 години, тогаш може да се каже дека тој го стигнал врвот на својот потенцијал. Се нандевам дека тоа ќе се случи со Руни.“ - рече Ферги.