My Bloglist

сабота, 30 октомври 2010

Манчестер Јунајтед влегува во серија победи

Манчестер Јунајтед го доби дуелот со Тотенхем во 10-то коло од Премиер Лигата со 2-0 со што направи серија од 4 победи заедно со натпреварите од ЛШ и Карлинг Купот. 


По подолго време видовме подобра игра од тимот на Манчестер со доста шанси, со многу цврста одбрана недозволувајќи му на противникот многу простор за игра. Хернандез повторно се најде во нападот заедно со Бербатов, но тие не беа стрелци денеска. Капитенот Видиќ му донесе водство на Јунајтед со гол со глава по изведен слободен удар на Нани. Добро шанси имаа и Парк и Нани со шутеви од далечина. Во второто полувреме Манчестер рутински ја одржуваше играта, а Фергусон добро го процени тоа правејќи двојна измена уште во 61 мин. кога во игра влегоа Сколс и Браун на местото на Бербатов и Рафаел, оставајќи го Хернандез само во нападот. Кога сите очекуваја натпреварот да се приведе до крај со резултат 1-0 една интересна ситуација во 16-от на гостите. Нани беше во пробив, изгледаше како да игра со рака, но бараше и старт за пенал. Немаше ни едното ни другото, а голманот на Тотенхем, Гомез ја постави топката 5-6 метри понапред како за изведување слободен удар. Тоа го искористи Нани и од зад грб дури и по претходно “консултирање“ со судијата шутираше во празниот гол и го постави конечниот резултат од 2-0. 



Во ова коло славеа и Челзи кај Блекбурн со 2-1 и Арсенал дома со Вест Хем со 1-0, додека Сити изгуби кај Волверхемптон со 2-1. Така на табелата Челзи води со 25, Арсенал и Манчестер имаат по 20 а Сити 17.

Следен натпревар со Бурсаспор во ЛШ на гостински терен во Вторник, 02. 11. 2010, 20:45.

среда, 27 октомври 2010

Фергусон: Чичарито е неверојатен доаѓа прв и си заминува последен од тренинзите

Менаџерот на Јунајтед, Алекс Фергусон, го пофали младиот напаѓач Хавиер Ернандес – Чичарито, кој повторно беше херој на Манчестер и му донесе победа во 90 минута. 

Чичарито кој со своите голови му донесе две последователни победи на Јунајтед против Стоук и Вулверхемптон, Фергусон вели дека е неверојатен и упорен и дека доаѓа прв на тренинг, а си заминува последен.

„Тука сме склуни многу брзо да создаваме херои, но ова момче ги заслужува сите пофалби. Тој е голем професионалец – секој ден тој доаѓа прв и си заминува последен од тренинзите. Со основа добива многу доверба и пофалби поради своите голови. Кога дојде кај нас, знаев дека ако добие шанса ќе ја искористи“, вели Фергусон.

вторник, 26 октомври 2010

Манчестер Јунајтед-Волверхемптон 3-2, Карлинг Куп, 4-то коло

Манчестер Јунајтед ја забележа втората победа во серија откако вечерва славеше во 4-то коло од Карлинг Купот против Волверхемптон со 3-2. На овој натпревар како што е вообичаено Фергусон им даде шанса на помладите играчи да се докажат, како и на некои поискусни кои сеуште ја бараат формата за во првиот тим. На голот беше Амос, во одбраната Браун, Смалинг, Еванс, Фабио, во средината Керик, Гибсон, Парк, по крилата Обертан и Бебе и во нападот Македа. Првото полувреме помина во изедначена игра без шанси. Второто полувреме беше далеку поинтересно бидејќи тука паднаа сите голови. Резултатот го отвори Бебе со својот деби гол за Јунајтед со што покажа дека има голем потенцијал само треба уште да работи. Но гостите не се отажуваа и брзо израмнија на 1-1. По една одлична акција Парк зголеми на 2-1, но гостите видоа дека против ваков Манчестер со втор тим имаат своја шанса па храбро нападнаа и израмнија на 2-2. Дури потоа имаа и неколку сериозни шанси да поведат 3-2.

 Сепак на сцена стапи Чичарито кој влезе во 80-та минута и веднаш се почувстува свежина во нападот. 2-3 добри додавања, една шанса и победнички гол. Што друго повеќе да се посака од новиот идол на навивачите откако Руни одамна не е во фокусот на теренот, Чичарито е тој кој ја собира славата и со право бидејќи за 3 дена со неговите голови му носи на Јунајтед 2 победи. Следен натпревар за тимот е во сабота на 30. 10. 2010 со Тотенхем во 18:30

Јунајтед заменикот на Ван дер Сар ќе го бара во голманот на Ливерпул Пепе Реина

Менаџерот на англискиот гигант Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон сака голманот на Ливерпул Пепе Реина да го замени Едвин ван дер Сар на голот на тимот.

Шкотскиот фудбалски стратег има за цел да го ангажира шпанскиот голман на Ливерпул на Олд Трафорд и може да се очекува „црвените ѓаволи“ да испратат понуда за купување на услугите на шпанецот во текот на јануарскиот преоден рок.

Реина од своја страна е многу загрижен за иднината на Ливерпул поради слабите настапи на тимот сезонава, и покрај фактот што клубот од Енфилд доби нови сопственици.

Пред неколку дена се појавија шпекулации дека тој е еден од тројцата фудбалери кои сакаат да го напуштат Ливерпул во текот на зимскиот преоден рок, заедно со Глен Џонсон и Фернандо Торес.

Од друга страна, Рој Хоџсон и неговите шефови имаат за цел сите игрчаи да ги задржат на Енфилд по секоја цена, па меѓу нив се наоѓа и Реина.

Сепак, Фергусон најверојатно нема да се откаже од својата намера да го ангажира шпанецот и се зборува дека шефот на Јунајтед е подготвен да издвои 12 милиони фунти за Пепе.

За поранешниот голман на Виљареал досега интерес има пројавено и лондонски Арсенал, кој исто така е во потрага по голман од врвна класа.

недела, 24 октомври 2010

Јунајтед сепак ке го купува Дефур како замена за „вечно“ повредениот Харгривс

Манчестер Јунајтед е подготвен да издвои 12 милиони фунти за ѕвездата на белгискиот гигант Стандард Лиеж Стивен Дефур.

Менаџерот на „црвените ѓаволи" Сер Алекс Фергусон гледа во лицето на белгискиот репрезентативец идеална замена за Овен Харгривс, кој е „вечно“ повреден веќе две години.

Во моментов дефинитивно Шкотланѓанецот има доста проблеми во средниот ред и му треба исклучително човек од класата на Харгривс, кој одигра многу добри натпревари за Јунајтед, додека беше здрав.

„Црвените ѓаволи“ одамна бараат класа играч и Дефур е предмет на разгледување на Сер Алекс подолго време. Се очекува неговиот долгоочекуван трансфер во клубот конечно да се официјализира на зима.

Белгиецот можеше да помине на „Олд Трафорд" уште пред една година, но тогаш доби многу сериозна повреда и Сер Алекс сакаше да види дали ќе оздрави потполно и ќе ја врати добрата форма.

Во моментов Дефур е целосно здрав и игра многу добри натпревари за својот тим, што од своја страна го обнови интересот на Јунајтед од него. Се очекува англискиот гигант да идвои во зима 12 милиони фунти за Белгиецот.

Буфон од Јануари во Манчестер Јунајтед?

Џанлуиџи Буфон има огромна желба да игра во Манчестер Јунајтед.

Голманот на Јувентус е повреден и нема да игра до Јануари. Тој на неколку пати посочи дека сака да го напушти тимот и тоа може да стане факт на крајот на сезоната.

Сонот да Буфон е да игра во Премиерлигата. Во Јунајтед ќе треба да го одлучат наскоро проблемот со голманите, бидејќи Едвин ван дер Сар ќе се повлече на крајот на сезоната. Договорот на 40-годишниот голман истекува на крајот на сезоната и тој најверојатно нема да продолжи да игра.

Во последните два месеци сопругата на Буфон - Алена Середова на неколку пати била откриен во Манчестер. Според „Тутоспорт" веќе бара куќа за семејството и училиште за двете деца. Сепак, има сериозна можност Буфон да премине во Јунајтед уште во Јануари.

На овој начин „црвените ѓаволи" ќе можат да го користи во втората полусезона за да може Буфон да се навикнеш на Англија и локалниот фудбал. А и да се опорави целосно од операцијата, која ја претрпе во грбот во текот на летото.

Цената на Буфон ќе биде околу 20 милиони евра. Според „Тутоспорт", голманот веќе се договорил за своите услови со Јунајтед. Тој ќе добива по 6 милиони евра за следните 3 години.

сабота, 23 октомври 2010

Стоук - Манчестер Јунајтед (Премиер лига, 9 коло)

Стадион: Британија, 24 октомври, недела, 14:30ч.
- По циркусот кој се случуваше изминативе неколку дена и по неговото завршување, фудбалерите на Јунајтед одново овој викенд одново ќе се посветат на подобрување на нивната позиција на табелата во Премиер лигата. "Црвените ѓаволи" се наоѓаат на четвртото место со 4 бода помалку од првопласираниот Челси, пред се "благодарение" на неколкуте нерешени натпревари одиграни против далеку послаби противници...

- Овојпат избраниците на Алекс Фергусон ќе му гостуваат на најстариот тим по постоење во Премиер лигата, Стоук на Британија стадионот. И ако во минатото овој дуел ќе претставуваше лесна задача за Јунајтед да ги оствари трите бода, сепак тоа не е случај и во оваа сезона каде ѓаволите мака мачат со сите противници (освен со Њукасл и Вест Хем).

- На оваа средба Фергусон нема да може да смета на неколку првотимци. Руни, иако го продолжи договорот на уште 5 години зимајќи 250.000 фунти неделна плата, ќе отсуствува од терените уште 2-3 недели поради повредата која ја заработи во дуелот со Пол Сколс на еден од последните тренинзи. Во тимот ќе фали и Рајан Гигс кој одигра одлични 40 минути во дуелот со ВБА пред да се повреди и напушти теренот. Одамна повредените Харгрејвс и Валенсија како и скоро повредените Еванс и Овен исто така нема да бидат дел од овој натпревар...

- Јунајтед доколку извојува победа тоа би му била прва гостинска победа оваа сезона кога е Премиер лигата во прашање а исто така и би ставил крај на серијата од два одиграни натпревари без победа што за Јунајтед е премногу...

петок, 22 октомври 2010

Руни потпиша нов договор со Јунајтед

Вејн Руни стави крај на шпекулациите за неговата иднина откако стави потпис на нов петгодишен договор со Манчестер Јунајтед.

Англискиот репрезентативец ќе остане на Олд Трафорд до 2015 година, и со тоа конечно и се става крај на ’сапуницата’ за неговата иднина, која самиот Руни и неговиот клуб ја предизвикаа.

„Тоа беше една тешка седмица, но точно таков интензитет на медиско изразување може да се очекува од клуб како Јунајтед. Му реков на Руни дека вратата секогаш е отворена и може да си замине, но се радувам што тој не го направи тоа.

Понекогаш кога си во некој клуб, не можеш да рабереш колку е тој голем и точно вакви ситуации и одраз на медиумите те отрезнуваат да осознаеш. Мислам дека сега Вејн разбира колку голем клуб е Манчестер Јунајтед.

Се радувам дека тој го прифати предизвикот да им помогне на младите играчи да се развијат, и самиот тој да стане еден од најголемите играчи на Јунајтед“, го коментира договорот на Руни, менаџерот Алекс Фергусон.

После потишувањето на договорот Руни изјави: „Воодушевен сум што потпишав нов договор со Јунајтед. Во последните неколку дена разговарав со менаџерите и сопствениците, кои ме уверија да останам таму каде што припаѓам. Во средата реков дека Фергусон е гениј, неговата доверба и поддршка ме убедија да останам“, изјави Вејн.

среда, 20 октомври 2010

Вејн Руни со соиграчите сними реклама за Turkish Airlines

Вејн Руни заедно со своите соиграчи од Манчестер Јунајтед е во реклама за Turkish Airlines која денеска е промовирана.

Рекламата со ѕвездите на Јунајтед е снимена пред неколку месеци, но денеска во преку 80 земји ќе биде промовирана за време на дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и турскиот шампион Бурсаспор.

Ѕвезда во рекламата е Вејн Руни кој во моментов е топ тема во сите медиуми поради неговото евентуално заминување од Манчестер Јунајтед.

Руни несакајќи упатува топка со волеј кон главата на Сер Боби Чарлтон, но Ван дер Сар во последен момент спасува тој да биде удрен.

Погледнете:

http://www.youtube.com/watch?v=ZURX6S6NNh0&feature=player_embedded

Јунајтед брза да најде замена за Руни

Откако стана јасно дека Манчестер Јунајтед наскоро ќе остане без Вејн Руни, менаџерот, Алекс Фергусон се обидува во што е можно покус рок да најде алтернатива во нападот и да ја пополни празнината во овој сегмент од екипата.

Неофицијално, Фергусон веќе го избрал наследникот на Руни во екипата, а станува збор за шпанскиот репрезентативец, Фернандо Љоренте.

Дваесет и пет годишниот фудбалер, сезонава игра во одлична форма и е постигнува погодок скоро на секој натпревар за својата екипа.

Атлетик Билбао својот најдобар играч го проценува на 36 милиони евра, а договорот со тимот од Сан Мамеш му истекува во 2013 година.

Медиумите шпекулираат дека Фергусон за Љоренте е подготвен да плати најмалку 20 милиони, но конечната цена ќе се утврди на крајот од преговорите.

Изјавата на Руни е: Заминувам од Јунајтед

По сите приказни со што се појавија во текот на изминативе неколку дена околу можното заминување на Вејн Руни од Олд Трафор, конечно добија потврда од главниот актер, а тоа самиот напаѓач на Манчестер Јунајтед.

"Минатата недела имав средба со извршниот директор во клубот, Дејвид Гил и тој не ми ги даде бараните гаранции околу мојот статус во екипата", вели Руни.

Откако не добил позитивен одговор од Гил, Руни потенцирал дека нема да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и дека бил изненаден од изјавите на менаџерот, Алекс Фергусон.

"Целосно го респектирам мојот клуб, Манчестер Јунајтед, среќен сум што бев дел од неговата историја. И покрај последните недоразбирања, се што сум постигнал е резултат на соработката со Фергусон, кој многу ми помогна кога на 18 години дојдов од Евертон. Му посакувам тој и натаму да остане во клубот и да продолжи со извонредните резултати", заврши Руни во својата изјава.

“И покрај потешкотиите во последно време, знам дека секогаш ќе имам голем долг кон Сер Алекс Фергусон.”

“За доброто на Јунајтед се надевам дека тој ќе може да продолжи засекогаш бидејќи е гениј.”

По официјалната потврда на Руни дека сигурно си заминува од Манчестер Јунајтед, значи дека од овој момент почнува трката за негово ангажирање во која се Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Сити и Челзи.

вторник, 19 октомври 2010

Фергусон изјави: Руни сака да си оди

Ѕвездата на Јунајтед им открил на своите соиграчи дека сериозно размислува да го напушти клубот.

Менаџерот на Мначестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон во разговор со MUTV откри дека Вејн Руни уште во август им соопштил дека нема намера да го продолжи договорот и побарал да замине.

На прашањето дали шпекулациите кои говореа дека Руни не сака да го обнови договорот со Манчестер Јунајтед се вистинити, Сер Алекс рече: “Тоа е точно. На стартот од летото, Дејвид (Гил, извршниот директор) започна преговори со неговиот агент.”

“Бев во мојата канцеларија на 14ти август кога Дејвид ми кажа дека добил повик од агентот на Руни и му било соопштено дека Вејн нема да стави потпис на новиот договор тој сака да се раздели од клубот.”

“Потоа Дејвид дојде да се види со мене. Ми рече дека не може да верува а исто се чувствував и јас.”

“Бев стаписан, не можев да разберам зошто, бидејќи неколку месеци претходно Руни говореше дека е во најголемиот клуб на светот и дека сака да остане до крајот на животот. Едноставно не знаеме што се промени во мислењето на момчето. Дејвид беше шокиран, јас бев шокиран.”

“Имав средба со Руни и тој го повтори она што агентот ни го кажа. Тој сакаше да си замине.”

“Јас само му кажав, ’Запомни само една работа, почитувај го клубот. Не сакам никакви глупости од тебе, почитувај го клубот’. Она што сега го гледаме во медиумите е вознемирувачко бидејќи се што можевме направивме за Вејн Руни, од првата минута кога тој дојде во клубот.”

“Ние секогаш сме биле тука за да го заштитуваме. Секогаш кога тој бил во неволја, сме му давале совети, сум бил подготвен да му давам и финансиски совети, многу пати.”

“Но тоа го правите за вашите фудбалери, не само за Вејн Руни. Таков е Манчестер Јунајтед.”

“Ова е клуб што ја базира цела своја историја и традиција на лојалноста и довербата помеѓу менаџерот, играчите и клубот. Тоа е така од деновите на Сер Мет.”

“На тоа е основан клубот. Вејн имаше корист од оваа помош, исто како што имаа Рајан Гигс, Пол Сколс и сите останати играчи.”

Ферги потоа продолжи: “Во моментов на масата нема некоја специфична понуда за Руни бидејќи тие не се подготвени да слушаат понуди. Но секогаш има понуда за Манчестер Јунајтед да преговара со играчот.“

“Дали сум разочаран? Да, јас сум разочаран, многу разочаран, не можам да верувам. Кога сте менаџер на Манчестер Јунајтед, ова се работи со кои морате да се справувате. Потребно е да се справиме со вакви работи од време на време.”

“Кога треба да се справувате со фудбалер од модерното време секогаш има многу разочарување.”

“Порака до фановите? Пораката е дека тие треба да продолжат да му веруваат на Манчестер Јунајтед. Доколку погледнете во историјата на клубот во претходните 50 години, во бројот на трофеите што ги имаме освоено, почестите што ги имаме добиено, почитта што ја уживаме ширум светот, восхитот што го добиваме од сите.”

“Понекогаш имаме проблеми, се подлизнуваме. На пример минатата сезона, имавме можност да освоиме четврта титула во низа, нешто што никој не го направил претходно во Премиер Лигата. Загубивме само за еден бод.”

“Дали вратата е отворена доколку Вејн се предомисли? Секако. Дејвид е спремен да ги подготви најдобрите услови за секој фудбалер во државава.”

“Ние знаеме дека Руни е квалитетен фудбалер па преговорите ги започнавме уште на почетокот од летото, две години пред да истече договорот.”

“Тој рече дека сака да остане до крајот на животот. Ние бевме почестени од таквото барање, Вејн да остане во клубот, клубот кој го сака.”

“Тој рече дека најдоброто нешто што го направил е тоа што потпишал за Манчестер Јунајтед.”

“Па Дејвид, во консултации со сопствениците, беше подготвен да му го понуди на Руни најдобриот договор во државата.”

Јунајтед и Арсенал во трка за потписот на Ван дер Вил

Англиските премиерлигаши Манчестер Јунајтед и Арсенал ќе влезат во битка за потписот на ѕвездата на Ајакс Грегори Ван Дер Вил.22-годишниот фудбалер во последно време бележи сериозен напредок во кариерата и во текот на летото дури се наоѓаше пред трансфер во германскиот гигант Баерн Минхен.

Сепак, „баварците“ не успеаја да ги договорат услугите на холанѓанецот бидејќи тренерот на тимот од амстердам Мартин Јол по секоја цена сакаше да го задржи младиот играч во тимот.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон сериозно размислува за засилување на составот со ангажман на играч за десната бековска позиција, бидејќи Вес Барун и Гери Невил не се толку перспективни за во иднина.

Иста желба и колегата на шкотланѓанецот во Арсенал, Арсен Венгер кој според последните најави ќе стори се за да го донесе во своите редови играчи кој моментално се проценува на 17 милиони евра.

Манчестер Јунајтед - Бурсаспор (ЛШ, групна фаза, 3 коло)

Стадион: Олд Трафорд, 20 октомври, среда, 20:45ч.

- По крајно изненадувачкиот нерешен резултат со Вест Бромвич Албион како и денешното обелоденување на Сер Алекс Фергусон дека Руни сака да го напушти Манчестер Јунајтед, во една тензична атмосфера "црвените ѓаволи" во среда ја пречекуваат турската екипа Бурсаспор во рамките од 3то коло во Лигата на шампионите.

- Иако станува збор за екипа која во првите две кола не постигнала ниту гол а примила дури 5 сепак со оглед на тоа како Јунајтед игра ништо чудно доколку и Бурсаспор се покаже како тврд орев за фудбалерите на Јунајтед.

- Фергусон изјави дека иако натпреварот против турците нема да биде лесен сепак очекува одличната серија на Јунајтед на домашен терен да продолжи и во среда. Шкотланѓанецот исто така изјави дека на овој меч можност ќе им даде на неколку млади фудбалери за да се докажат и да стекнат искуство. Тоа не треба да значи дека Јунајтед не го сфака сериозно овој натпревар. 


- Оние кои сигурно испаѓаат од конкуренција за настап против Бурсаспор се Гигс, Еванс, Бебе (повреда), Харгрејвс (без право на настап) како и Вејн Руни кои не го доврши денешниот тренинг жалејќи се на мала повреда. (иако ова е сомнително). Сите други се подготвени за настап.


Моментална табела:
1. Манчестер Јунајтед 1 1 0 1-0 4
2. Ренџерс                    1 1 0 1-0 4
3. Валенсија                 1 0 1 4-1 3
4. Бурсаспор                0 0 2 0-5 0

Фергусон ја обелодени ситуацијата со Вејн Руни


Среќните денови зад нив
 Алекс Фергусон веднаш по прес конференцијата за натпреварот со Бурсаспор одговараше на прашањата за Вејн Руни поврзани со неговото заминување од Олд Трафорд..

По сето тоа што периодов можевме да го прочитаме и слушнеме за Руни, би било интересно и вас да ве чуеме што имате да кажете на сето ова? Па затоа да почнеме од почетокот на оваа сага... Дали Руни беше повреден воопшто?
 - Да... Руни беше повреден... Иако можеше да тренира скенирањата потврдија дека тој сеуште носеше траги од повредата. Зашто изјави дека не бил повреден можете само да претпоставувате... Навистина разочарувачи... За натпреварот со Сандерленд намерно не го повикав бидејќи моето размислување ми налагаше да му дадам дополнителна недела одмор исполнет само со тренинзи за да настапи одморен за Англија и на тој начин ќе си ја врати формата. Тоа го направив за негово добро.. А зошто тој тоа го изјави не знам...

 Дали вашите односи се влошија?
 - Никогаш сме немале некаква караница... Никогаш... Сепак треба да сфатиме дека доколку некој фудбалер сака да го напушти клубот во кој игра најлесно му е да каже дека се скарал со тренерот... Тоа е најлесно да се изјави... Можеби и има некакви траги од тоа.. но...

Слушаме и за тоа дека Руни не сака да потпише нов договор. Каква е ситуацијата со преговорите за нов договор?
 - Гласините се точни... Дејвид Гил ги почна преговорите со агентот на Руни на крајот на минатата сезона и требаше истите да продолжат по Светското првенство... Сепак на 14 август ми се јави Гил да ме информира дека агентот на Руни му кажал дека Вејн одбил да го потпише понудениот одговор. Ниту јас ниту Гил не можевме да поверуваме... Пред се поради тоа што само месец дена предходно Руни изјави дека Јунајтед е најголемиот клуб и дека токму тука сака да ја заврши играчката кариера...
 - Потоа имав разговори и лично со Руни по што тој ми го соопшти она што му го кажа и агентот на Гил..  Желба му е да си оди..... По таа изјава јас само му кажав едно нешто... А тоа беше да запомни едно нешто... Да го репектира клубот и да не прави проблеми и да дава изјави по медиумите... Она што сега се пишува по медиумите... И затоа сум разочаран бидејќи клубот се грижеше за Руни уште во моментот кога Руни потпиша за Јунајтед. Ова го изјавувам затоа што сакам да им ја појаснам ситуацијата на нашите навивачи.. Пред се поради настанатата ситуација на средбата со ВБА кога при резултат 2-2 навивачите почнаа со скандирања за Вејн Руни да влезе во игра но тоа само им го зголеми психиичкиот товар на преостанатите фудбалери...

Дали Јунајтед има добиено понуда за Руни од некој клуб?
 - Во моментов не бидејќи Јунајтед сеуште не е подготвен да прима понуди, меѓутоа она што се уште постои е можноста Јунајтед и Руни да воспостават услови за продолжување на договорот....

Сите знаеме за каков играч станува збор... Дали сте разочарани во овој момент од настанатата ситуација?
 - Да, и тоа многу сум разочаран. Не ни можам да поверувам. Но кога си менаџер на Манчестер Јунајтед секогаш треба да се справуваш со многу различни ситуации. Сум се справувал и со слични ситуации како оваа. Секогаш постојат разочарувања кога треба да се справуваш со играчи произведени во модерниот фудбал. Сега е многу потешко отколку што тоа беше случај пред подолг период. Тогаш за да потпишеш договор со некој фудбалер повеќе имаше релација тренер-фудбалер-родител на фудбалер. Еве на пример вчера кога го прашав Ван Дер Сар како се чуствува по грешката која ја направи завчера ми кажа дека првиот телефонски повик кој го добил бил од татко му... На тоа јас само му кажав да го послуша советот кој го дал татко му бидејќи токму тој е човекот кого треба да го послуша. Тоа кај денешните млади фудбалери веќе не постои. Во денешно време агентите буквално живеат во џебовите на фудбалерите...

Дали вратата за Вејн Руни е сеуште отворена доколку го смени своето мислење?
 - Секако. Дејвид Гил е подготвен да понуди најдобар можен договор на било кој фудбалер во Англија. Јасно е дека Руни е квалитетен фудбалер и токму затоа преговорите почнаа уште летово на 2 години од истек на неговиот договор. Преговорите беа започнати и на иницијатива на самиот Руни кој изјави дека сака да остане овде доживотно.  Изјави и дека потпишувањето со Манчестер Јунајтед било најдоброто нешто што тој го направил. Токму поради тоа Дејвид Гил беше подготвен да му понуди најдобар можен договор на Вејн Руни... Договор кој би бил најдобар од сите фудбалери кои играат во оваа држава.

понеделник, 18 октомври 2010

Модриќ и Снајдер во Јунајтед по заминувањето на Руни?

Денешниот број на Гардијан објавува дека ако Вејн Руни замине во Реал, сер Алекс Фергусон ќе се обиде да ја ублажи болката со доведување на Лука Модриќ од Тотенхем и Весли Снајдер од Интер.

Приказната и не би требала да биде толку сензационална ако се знае дека Шкотскиот стратег и минатата година беше заинтересиран за Модриќ, но тогаш хрватскиот репрезентативец ги отфрли шпекулациите со потпишување на нов договор со Спарси.

Парите за Манчестер Јунајтед не се проблем, а со продажбата на Руни би имало доволно за двајцата волшебници со топката, Снајдер и Модриќ. 

Руни сепак си заминува

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни сака да го напушти Олд Трафорд, по големата кавга со менаџерот сер Алекс Фергусон. Англискиот напаѓач им соопштил на раководните лица во клубот дека нема да потпише нов договор и сака да си замине во јануарскиот преоден рок.

Реал Мадрид е најблиску до ангажман на Руни. Ќе го искористи Карим Бензема за во своите редови да го доведе голгетерот на Манчестер Јунајтед и на Англија, Вејн Руни.

Кралскиот клуб ќе понуди 57 милиони долари плус Французинот за да го доведе Руни, кој одби да го продолжи договорот со клубот од Олд Трафорд и се наоѓа во затегнати односи со менаџерот сер Алекс Фергусон.

Ситуацијата на Вејн Руни многу наликува на онаа на Дејвид Бекам и многу новинари предвидуваат дека овие двајца идоли на публиката на Олд Трафорд ќе завршат на идентичен начин. Бекам беше продаден на Реал Мадрид, а шпанскиот гигант е основниот фаворит за потписот и на Вејн Руни.

Одговорот на оваа шпекулација и не е така тежок ако се знае дека Бензема е незадоволен од минутажата и статусот во Реал. А од друга страна Фергусон е спремен да направи тандем Бербатов – Бензема доколку замине Руни.

Новинарите направија коефициенти за иднината на Руни.

Можни дестинации на Руни по заминување од Манчестер Јунајтед, коефициент:

Останување 1.40
Манчестер Сити 3.0
Реал Мадрид 3.50
Барселона 3.75
Челзи 10.0
Интер 15.0
Милан 17.0
Јувентус 21.0
Арсенал 34.0
Баерн 41.0
Евертон 51.0
Ливерпул 51.0

сабота, 16 октомври 2010

Манчестер Јунајтед никако да фати ритам во Премиер Лигата. Во 8-то коло буквално му подари бод на Вест Бромвич Албион играјќи 2-2 на Олд Трафорд иако по првото полувреме имаше водство од 2-0. Иако Ферусон од почетокот го остави Руни на клупата сепак извади силен состав кој едноставно мораше да го победи ВБА.


Со Ван дер Сар на голот, Видиќ, Фердинанд, Евра и Рафаел во одбраната, Керик, Андерсон, Нани и Гигс во средината и Бербатов и Хернандез во нападот Манчестер звучеше доста убедливо и влезе во натпреварот како голем фаворит. И така почна да се одвива натпреварот. Уште во втората минута слободен удар за Јунајтед, кој го изведе Нани по што гостинскиот голман Карсон кратко ја одби топката, а Хернандез се најде во непосредна близина и ја смести во мрежата. 1-0 за Јунајтед. Шансите се редеа, посебно Бербатов кој денеска немаше свој ден и пропушти неколку добри прилики. Токму Бербатов му асистираше на Нани за водство од 2-0 и сите помислија дека натпреварот е веќе добиен само прашање беше конечниот резултат. Само што започна второто полувреме ВБА се закани и по еден слободен удар во 50-та минута топката успеа да помине низ еден куп играчи пред голот на Ван дер Сар и на чуден начин да заврши во голот на Јунајтед за 2-1. Сепак ретко кој очекуваше дека може да се случи она што се случи само 5 минути подоцна. Еден безопасен центаршут од левата страна на гостите, лесна топка која ВДС би ја фатил уште илјада пати, сепак овојпат не беше така. Топката му отскокна од рацете, а во непосредна близина беше Tchoy кој ја смести во мрежата и од ништо од никаде со 2 среќни гола  ВБА дојде до 2-2. Нешто слично се случуваше и во натпреварот со Ливерпул по исто сценарио коха Јунајтед водеше 2-0, па беше 2-2, па со 10-15 мин. до крајот со голот на Бебратов дојде Јунајтед до победа од 3-1. Сега и против послаб противник и со преку половина час игра до крајот Манчестер не успеа да го скрши отпорот на гостите кои одлично се бранеа, а имаа и неколку добри контри кои за среќа не ги реализираа.


Во игра влегоа и Сколс, Руни и Гибсон, но не донесоа ништо ново. На крајот разочарувачки 2-2, додека истовремено Арсенал го победи Бирмингем со 2-1, а Челзи по едно полувреме во моментот на пишување на овој пост имаше 0-0 со Астон Вила на гости. 

петок, 15 октомври 2010

Манчестер Јунајтед - Вест Бромвич Албион (Премиер лига, 8 коло)

Стадион: Олд Трафорд, 16 октомври, сабота, 16ч.
 - По 14 дена пауза поради настапите на репрезентациите во квалификациите за Европскито првенство, Премиер лигата повторно се актуелизира овој викенд.

- Пред точно 14 дена Јунајтед повторно не успеа да забележи победа на гостински терен па мораше да се задоволи и со бодот кој го освои против подобриот и далеку помотивиран Сандерленд.

- Сепак, оваа сабота избраниците на Сер Алекс Фергусон го пречекуваат тимот кој редовно испаѓа и влегува во премиерлигашкото друштво, Вест Бромвич Албион. На Олд Трафорд Јунајтед игра одлично што е сосема спортивно од тоа како игра на гости. Иако ВБА засега неочекувано одлично котира во лигата и се наоѓа на високото 6-то место сепак не би требало, а не би ни смеело да дојде до уште едно непријатно изненадување, што би значело уште од сега неофицијален крај на амбициите за враќање на трофејот во витрините на Манчестер Јунајтед.

- Во составот на Јунајтед се очекува и враќање на Рајан Гигс кој доби зелено светло од лекарскиот тим за настап против ВБА. И Руни се очекува да заигра уште од стартот а тим како ВБА е одлична можност за англичанецот да постигне гол со кој би му се вратила самодовербата која му е разнишана периодов... Самодовербата сигурно е најголема кај португалецот Нани кој игра во одлична форма веќе подолг период па токму тој се очекува да биде најголемата опасност по голот на гостите...

среда, 13 октомври 2010

Јунајтед спрема 18м фунти за Горкуф

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед има многу сериозен интерес за ѕвездата на Лион и националниот тим на Франција Јохан Гюркуф.

Според британското издание, менаџерот на „црвените ѓаволи" Сер Алекс Фергусон подготвува понуда во висина од 18 милиони фунти за поранешниот фудбалер на Бордо.

Шкотланѓанецот ќе се обиде да го засили средниот ред на тимот во текот на зимата и извршниот директор на Јунајтед Дејвид Гил веќе потврди дека специјалистот ќе има целосно зелоно светло за нови засилувања.

24-годишниот Гюркуф постојано бележи напредок во кариерата во изминатите неколку години и доста европски тимови покажуваат сериозен интерес за него.

Тој беше големата ѕвезда на Бордо, но во текот на летото премина во Лион, бидејќи со тимот од „Жерланд“ ќе може да учествува во фазата по групи на Лигата на шампионите - турнир во кој нема да играше со „жирондинците", бидејќи клубот одигра слаба сезона и не заврши меѓу првите места.

Гюркуф сепак далеку не е единствената опција на сер Алекс за ново лице во средниот ред. Стручњакот го следи и белгискиот репрезентативец од Стандард Лиеж Стивен Дефур.

понеделник, 11 октомври 2010

Сити и Јунајтед во градска битка за Торес

Градските ривали Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе се соочат еден против друг во битка за потписот на ѕвездата на Ливерпул, Фернандо Торес.

Шпанскиот репрезентативец се наоѓа во слаба форма и постојано е прогонуван од различни повреди.

Според последните информации, Торес е разочаран од слабата форма на тимот во целина. Дури се зборува дека евентуалната продажба на клубот и скоро сигурно новите сопственици од американската компанија „Њу Ингланд Спорт Венчрс“ нема да успеат да го убедат да остане на „Енфилд".

И покрај загубите на Јунајтед, кои се проценуваат на повеќе од 80 милиони фунти, се очекува од клубот да издвојат солидна сума пари со која ќе купат нови засилувања на зима.

Од Сити пак се надеваат дека длабокиот финансиски џеб ќе им помогне да го победат градскиот ривал за потписот на Торес.

Во текот на летото напаѓачот исто така беше поврзуван со трансфер, но избра да остане во Ливерпул. Сигурно тој веќе жали за својата одлука.

Фергусон подготвува понуда за Бастос

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, подготвува понуда за ѕвездата на Лион Мишеч Бастос.

Фергусон ќе проба да го донесе Бразилецот уште во јануари, а се смета дека неговата цена е околу 20 милиони евра.

Мишел Бастос веќе е и репрезентативец на Бразил, и настапуваше и на Мундијалот во Јужна Африка.

Меѓутоа Манчестер ќе има силна конкуренција за неговиот потпис, бидејќи тој е посакуван од многу гиганти ширум Европа.