My Bloglist

понеделник, 22 ноември 2010

Јунајтед лесно го совлада Виган

Тимот на Манчестер Јунајтед го доби дуелот во 13 коло од Премиер Лигата против Виган со 2-0. Головите ги постигнаа Евра во 45 и Чичарито во 77 минута.

Манчестер Јунајтед успеа да постигне гол во 45 минута заблагодарение на Евра кој успешно ја удри со глава топката од Парк кој прецизно ја уфрли во шеснаесетникот до Французинот.

Манчестер Јунајтед на полувремето си замина со 1 гол предност.

На почетокот од второто полувреме во 56 минута,Манчестер Јунајтед направи 2 замени.Сколс влезе на местото на Парк,а Руни го замени Маќеда. По 1 час игра Алкараз доби 2 жолт,односно црвен картон, а во 62 минута Родаљега доби директен црвен картон.

Во 65 минута, Фергусон го стави во игра Чичарито кој влезе на местото на Керик. Во 77 минута Рафаел одлично го пронајде Чичарито, каде што Мексиканецот постигна одличен гол со глава за 2-0 и веќе беше ставена точка на натпреварот.

 Манчестер Јунајтед се обидуваше да постигне уште некој гол, но тимот на Фергусон ја немаше таа среќа.      

Мечот заврши во полза на Манчестер Јунајтед со 2-0. На овој меч заигра и Вејн Руни, кој пред некој ден се врати од САД каде што се рехабилитираше.