My Bloglist

четврток, 19 август 2010

Ван Дер Варт ја гледа иднината во Јунајтед

Дали ќе заиграат оваа сезона заедно?
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Рафаел Ван Дер Варт кој е еден од четворицата фудбалери кои се ставени на трансфер листата призна дека постои само еден клуб во кој може  да премине, а да не се почуствува како да иде едно скалило подоле во неговата кариера... Тоа е Манчестер Јунајтед. Ова признание следи откако според медиумите ширум светот "процури" информацијата дека Фергусон се распрашувал за можноста Ван Дер Варт да го облече дресот на "црвените ѓаволи".
- Станува збор за огромен клуб и доколку е точно дека се заинтересирани за мене тогаш би морал да седнам и да слушам... Доколку Јунајтед ми понуди услови какви што ги имам во Реал како и место во првиот тим тогаш тоа би било многу тешка понуда за одбивање. Фергусон е одличен трењер (менаџер) а Манчестер Јунајтед е тим кој победува и кој освојува трофеи.. Нешто што комплетно ми одговара на мене и моите размислувања за фудбалот. Доколку Мурињо јасно ми стави до значење дека моите услуги се непотребни тогаш би немал ништо против да заиграм за Јунајтед. - изјави 27 годишниот холанѓанец.