My Bloglist

петок, 27 август 2010

Добри вести за Јунајтед, Рио се враќа за две недели.

Фергусон денеска откри дека дефанзивецот на Јунајтед Фердинанд ке се врати на терените за две недели.

Пред седум дека Фергусон изјави дека Рио ке се врати кон крајот на септември по сериозната повреда на лигаментите на коленото .

Но на денешната прес конференција Фергусон изјавил дека Рио ке се врати на дуелот со Евертон кој ке се игра на 11 септември или против Ренџерс во Лигата на Шампионите што се игра неколку дена подоцна и моментално Рио тренира со резервите и добро напредува.

Потребно е да се биде внимателен особено кога се работи за повреда на лигаментите на коленото но Рио сега е ОК.

Исто така изјави дека и Андерсон е пред враќање на терените кој ги повреди лигаментите на коленото во Фебруари. Исто така кажа дека Андерсон е желен за настап. Тренирал во средата и сакал да тренира и во четвртокот.

Манчестер Јунајтед - Вест Хем (3 коло)

Олд Трафорд, 28 август, сабота, 18:30ч.


- По разочаровачките 2-2 со Фулам од минатата недела, Манчестер Јунајтед оваа сабота на свој терен го пречекува тимот на Вест Хем, екипа која го има својот најлош старт откако постои Премиер лигата. "Чеканите" ги изгубија и двата почетни натпревари, притоа примајќи шест гола додека успеале да ја затресат мрежата само еднаш.

- Во овој натпревар "црвените ѓаволи" влегуваат како апсолутни фаворити бидејќи освен што се далеку поквалитетен тим од Вест Хем и што играат на домашен терен, во нивна корист оди и традицијата која вели дека Јунајтед славел во последните 5 дуели постигнувајќи дури 14 погодоци а примајќи само еден.

- Во првиот тим на "бебињата" се враќа и Вејн Руни кој го пропушти дуелот со Фулам поради стомачен вирус... Сигурно дека најдобриот играч во редовите на Манчестер Јунајтед ќе сака да ја прекине серијата од 13 натпревари без постигнат гол (со се натпреварите за Англија), а тимот од источен Лондон, во овој момент, е идеална можност за тоа.

Веројатени стартери:
Ван Дер Сар; Рафаел, Еванс, Видич, Евра; Валенсија, Сколс, Карик, Нани; Бербатов, Руни;


Сер Алекс задоволен што нема да патува многу далеку во ЛШ

Менаџерот на Јунајтед е задоволен од ждребот за фазата по групи во Лигата на Шампионите.

Јунајтед е во групата ц заедно со Валенсија Глазгов Ренџерс и Бурсаспор.

Фергусон изјави дека неможе да се пожали на ждребот и мисли дека тоа е добро за Јунајтед. Најдалечна дестинација ке биде Турција.

Исто така се радува што ке игра против Ренџер и Волтер Смит.