My Bloglist

вторник, 8 февруари 2011

Чикарито - Играч на месецот


Можеби и не е некоја утеха за Хавиер Хернандез но по првиот пораз во лигата тој беше прогласен за играч на месецот од страна на официјалната веб страна на Манчестер Јунајтед

Во една од најтесните анкети на таа страница младиот Чикарито доби 45% од гласовите исто како и Бербатов, но го победи бугаринот за 69 од вкупно 33.000 гласови.

Рајан Гигс и Немања Видиќ беа на листата на ManUtd.com за Јануари - месец во кој црвените зедоа 13 од можни 15 поени и поминаа 2 кола од FA купот.

Хернандез на листата се најде по постигнувањето на одлучувачките голови на мечовите против WBA ( 2-1 ) и Southempton ( 2-1 ), но и по постигнувањето на изедначувачките голови против Stoke City ( 2-1 ) и Blackpool ( 3-2 ).

Ова е вторпат Чикарито да ја земе наградата за играч на месецот - тој исто така беше прогласен за играч на месецот Октомври.

сабота, 5 февруари 2011

Најцрниот ден: 6ти Февруари 1958


6ти Февруари засекогаш ќе остане заокружен на календарите на сите поврзани со Манчестер Јунајтед.

На тој ден во 1958, најцрниот ден во историјата на Јунајтед, 23 луѓе вклучувајќи и 8 играчи и 3 члена од персоналот на Манчестер Јунајтед претрпеа фатални повреди во несреќата на Минхенскиот аеродром.

21 член на советот починале веднаш, капетанот на авионот Кенет Рејмент почина неколку недели подоцна додека Данкан Едвардс - еден од осумте жртви од тимот почина 15 дена по несреќата. Несреќата е еден неизбришлив момент од историјата на Јунајтед.

По заздравувањето од повредите Сер Мат Базби се врати на сцената да изгради добар тим и го освои Евро Купот 10 години подоцна.

REST IN PEACE BUSBY BABES

WE WILL NEVER FORGET

Запрен е Јунајтед

Манчестер Јунајтед ја заврши серијата без пораз. Вечерва Волвес со пресварт славеше со 2-1.

Уште во 3 минута Флетчер асистираше за Нани  да постигне гол за водство на Јунајтед од 0-1.  

По 7 минути Елокоби се раваншираше. Постигна гол за реми, односно 1-1.

Доил беше фудбалерот кој го постави пресвартот. Во 40 минута веќе беше шокантно 2-1 за Волвс.

Првиот дел беше тежок за Јунајтед. Губеше 2-1 на полувреме.

Сепак во вториот дел се обиде Јунајтед да изеднали, но Волв успеа да се одрбани.

Сколс, Смалин и Хернандез влегоа на местата на Керик, Еван и Бербатов.

Манчестер Јунајтед и покрај поразот се задржа на првата позиција.                

Руни: Ние сме главни


Црвените одат на саботна чајанка кај „Волците“ ( Wolverhampton ) со водство од 5 бода пред Арсенал и 10 пред Челзи. Овонеделната регрутација на Фернандо Торес и Давид Луиз означува дека тие не смеат да бидат отпишани

„Секако дека не ги отпишавме, тие се силен тим, но ние не треба да гледаме тоа што тие го прават туку треба да се концентрираме на тоа што ние го правиме. Сега е на нас да одлучиме каде оди титулата па се надевам дека ќе ја освоиме пак назад„ - Изјави Руни за MUTV

На Јунајтед, Челзи и Арсенал им преостануваат по 14 натпревара и по импресивната победа над Астон Вила, Сер Алекс Фергусон е желен Јунајтед да ја задржи таа форма до крајот на сезоната.

петок, 4 февруари 2011

Откриена е тајната за успесите на Јунајтед

Според изјавата на еден од клупските физиотерапевти, Гери Армер една од тајните на успехот на Манчестер Јунајтед е редовниот престој на фудбалерите во солариум.

"Бидејќи живееме на дел од планетата каде има многу малку сончеви денови на играчите постојано им препорачуваме по тренингот да легнат под светилките на солариумот. Тоа трае не подолго од четири до пет минути што е доволно да добијат потребната доза на витаминот Д", рече Армер.

Според неговата изјава идејата е на менаџерот на Алекс Фергусон, а фудбалерите на "кварцање" одат два до три пати во неделата.

Невил ке остане во ''фамилијата'' Јунајтед

Сер Алекс Фергусон сака Гери Невил да остане дел од "фамилијата" Манчестер Јунајтед откако дефанзивецот објави пензија.

Гери Невил објави дека се пензионира од активно играње, Ферги има само пофални зборови за својот фудбалер и вели дека посакува тој да остане дел од "фамилијата" Манчестер Јунајтед.

"Сакаме тој да остане во клубот и да добие некоја улога тука" - изјави Сер Алекс Фергусон.

"Гери ќе остане во тимот, ќе тренира со нас кога и да посака. Следниот чекор на нашиот клуб е да му понуди улога од која тој ќе биде задоволен".

"Ние сме фамилијарен клуб, и чувствувам дека Гери Невил и во годините кои претстојат може да има голем допринос како што имаше и до сега. Тој ја креираше таа фамилијарна атмосфера во соблекувалната".

"За жал повредата на зглобот ги отежна работите за него. Доколку погледнете во изминатите четири години, тој немаше ништо друго освен повреди. Неверојатно беше како се враќаше од повредите".

"Мислам дека тој може да биде тренер, може да тренира млади категории во клубот. Гери е одличен пример за младите фудбалери".

Дали Руни ке биде одлучувачки за Јунајтед сезонава?

Сер Алекс Фергусон сака Вејн Руни да продолжи со перфорнасите и погодоците што ги продуцираше на средбата со Астон Вила и на тој начин да го предводи походот на Јунајтед по трофеи.

Англискиот интернационалец на поголемиот дел од средбите оваа сезона играше во очајно лоша форма но на дуелот со Астон Вила постигна два погодоци и потсети каков голгетер беше изминатата сезона.

Сер Алекс Фергусон за средбата со Вулверхемптон го има целиот состав на располагање но стратегот се надева дека Руни повторно да ја направи разликата.

Рафаел и Флечер би требало да бифат фит откако десниот бек заработи потрес на мозокот на средбата со Блекбул а Флечер на средбата со Астон Вила се пожали на инфекција на окото.

“Рафаел би трабало да биде ОК.” – рече Фергусон. “Тој тренираше и би требало да биде на располагање за средбата со Вулверхемптон.”

“Мислам дека немаме нови повреди од средбата во вторникот.”

“Флечер ќе направи нови тестови денеска. Проблем беше тоа што неговото око беше затворено и тој не можеше да ја гледа топката убаво. Моравме да го извадиме. Сигурен сум дека ќе биде ОК.”

Но според Ферги, Руни е онај што може да направи права разлика и Шкотот се надева дека напаѓачот ќе продолжи да ги тресе противничките мрежи: “Се надевам дека ќе биде така – и постојат шанси за тоа со оглед на погодоците кои ги постигна на средбата со Астон Вила.”

“Тој има уште 14 средби од Премиер Лигата, натпревари во Европа и средби од ФА Купот – па лесно може да стигне до добра бројка на погодоци.”

“Вејн секогаш имал фантастична енергија за играње на натпреварите. Тој секогаш го дава најдоброто. Бонус е, како што видовме на средбата со Астон Вила, двата постигнати погодоци.”

“Минатата сезона тој беше многу конзистентен и доколку и сега може да ја повтори таа конзистентност, Јунајтед ќе има голема корист од тоа.”

Нов договор за Евра ?


На Патрис Евра ќе му биде понуден нов договор до крајот на кариерата - пишуваат англиските весници. Левиот бек на Манчестер Јунајтед е мета на Реал Мадрид и Интер, но Сер Алекс Фергусон сака да му понуди договор со кој ќе го задржи на Олд Трафорд барем до 2014.
На французинот му преостануваат уште 18 месеци од стариот договор па Ферги сака да реагира брзо за да обезбеди еден од неговите клучни играчи на подолго време.
Евра дојде во Манчестер Јунајтед пред 5 години од Монако за цена од 7 милиони фунти и по доаѓањето во топ форма тој стана еден од најдобрите светски бекови на денешницава.


Весникот The Metro тврди дека Јунајтед ќе направи се што е можно за во летниот период да го донесе голманот на Ливерпул, Пепе Реина кој наводно е несреќен на енфилд по заминувањето на Торес. Сер Алекс Фергусон наводно го означил шпанецот како наследник на Едвин Ван дер Сар кој ќе се пензионира по крајот на сезонава.

четврток, 3 февруари 2011

„Црвените“ го потврдуваат официјалниот состав за ЛШ













Јунајтед го потврди нивниот состав за нокаут фазата од Лигата на Шампионите откако во вторникот од нив беше побарано да испратат листа со 25 фудбалери до УЕФА. Клубовите исто така можат да испратат и „Б“ листа со неограничен број на играчи родени на 1 Јануари 1989 или подоцна кои после својот петнаесети роденден најмалку 2 години играле за клубот.

Тимот на Сер Алекс Фергусон на 23 овој месец ќе патува во Франција каде против Марсеј на Stade Velodrome ќе го изигра првото коло од осмина-финалето на Лигата на Шампионите. Реваншот ќе се игра на 15ти Март на Олд Трафорд.

Ова е целосниот тим на Манчестер Јунајтед кој е регистриран за нокаут фазата на Лигата на Шампионите.

Голмани: Ван Дер Сар, Кушчак, Линдегард
Одбрана: Евра, Фердинанд, Браун, Смалинг, Видиќ, О'Шеј, Еванс, Рафаел*, Фабио* и Гил*
Средина: Андерсон, Гигс, Парк, Керик, Нани, Сколс, Флечер, Валенсија, Гибсон и Норвуд*
Напад: Овен, Бербатов, Руни, Хернандез, Обертан, Бебе, Кинг* и Кин*

играчите со * се наоѓаат на „Б“ листата

среда, 2 февруари 2011

Невил во пензија.



По дваесет години поминати како играч на Манчестер Јунајтед, славниот Гери Невил одличи да се пензионира.
Гери Невил потпиша за Манчестер Јунајтед во јули 1991, а во 1992 тој беше дел од генерацијата која го освои ФА Младинскиот Куп и после тоа тој стана првотимец заедно со неговите соиграчи Рајан Гигс, Пол Сколс, Ники Бат, Дејвид Бекам и неговиот брат Филип ( Фил ) Невил.
Во неговото време на Олд Трафорд, Гери изигра 602 натпревари и постигна 7 гола.
Гери изјави дека сака да им се заблагодари на неговите соиграчи и останатиот тим на Манчестер Јунајтед, но најмногу на Сер Алекс Фергусон бидејќи тој му пружил најмногу шанси и најголема поддршка во неговата дваесет годишна кариера.

Јунајтед се реваншираше на Астон Вила

Манчестер Јунајтед дома на "Олд Tтрафорд" одлично се реваншираше со фантастични 3-1.

Манчестер Јунајтед го даде својот најбрз гол во оваа сезона. Во 48 секунда Ван Дер Сар ја направи првата асистенција. Одлично го пронајде Руни а, тој прецизно го стрелаше голот на Фридел.

Во 34 минута Андерсон го напушти натпреварот. На негово место влезе Дарен Флетчер.

Манчестер Јунајтед целосно го надигра противникот. Руни повторно постигна гол. Во 45 минута Нани упати прецизен центаршут кон Руни.

Во првото полувреме Манчестер Јунајтед водеше со 2-0 против Астон Вила.

Бент успеа да го намали резултатот на 2-1. Астон Вила го стави неизвесен натпреварот.

Видич ја отргна неизвесноста. Руни одлично го проигра Видич, а дефанзивецот упати прецизен шут.

Асто Вила ги искористи сите 3 замени. Но и тоа не беше доволно.

Беа надополнети уште 3 минути. Судијата по 3 надополнети минути го досуди крајот на натпреварот. Манчестер Јунајтед 3-1 Астон Вила!