My Bloglist

недела, 22 август 2010

Фулам - Манчестер Јунајтед 2-2

Стадионот Кревин Котиџ уште еднаш се покажа како "тврд орев" за фудбалерите на Манчестер Јунајтед кои од гостувањето со Фулам, дома се враќаат со само еден бод иако се планираа трите.

Иако први поведоа со прекрасниот гол на Сколс во 11-та минута, играта што ја играа "црвените ѓаволи" не ветуваше. Се одеше на бавни напади и се создадоа шанси кои Бербатов не знаеше како да ги искористи по што лондончаните се опуштија и почнаа да ја играат својата игра бодрени од навивчите па и тие создаваа одлични шанси. Само одличната двојна одбрана на Ван Дер Сар пред рајот на првото полувреме не дозволи на пауза да се отиде со нерешен резултат, но сепак нерешениот резултат дојде во 57-та минута кога Дејвис шутираше од близината на белата точка откако олично беше проигран од Замора.

Од тој момент избраниците на Фергусон почнаа да играат по отворено и иако не се создадоа некои си посериозни шанси сепак ја превзедоа иницијативата а тоа резултираше со 2-3 корни за краток рок. Токму од еден од тие корнери беше постигнат и вториот гол за Јунајтед и тоа од кој друг ако не од играчот кој во ланската сезона за "бебињата" постигна 12 гола, Автогол. Тоа се случи во 84та минута.... И по само 3 минути игра беше досуден и пенал за Манчестер Јунајтед но сепак Нани не успеа да го постигне првиот гол во сезоната откако предходно Стокдејл одлично интервенираше... Тоа како да им даде крила на фудбалерите на Фулам и со сите сили тргнаа да дадат гол што би значело изедначување и поделба на бодовите... Тоа и се случи, 89-та минута и тоа од истиот играч кој си постигна автогол... Хангеланд...

До крајот Јунајтед само безусшешно се обидуваше да стигне до победата....

Стрелци: Фулам - Дејвис 57', Хангеланд 90'; Јунајтед - Сколс 11', Хангеланд аг.84';
Манчестер Јунајтед: Ван Дер Сар; О'ши, Видич, Еванс, Евра; Валенсија (Гигс), Сколс, Флечер, Парк (Нани); Чичарито (Овен), Бербатов;























































Вејн Руни неизвесен за дуелот со Фулам поради стомачен вирус.

Голем шок за навивачите пред натреварот со Фулам е тоа дека ѕвездата во тимот Вејн Руни нема да настапи против Фулам поради стомачен вирус. Руни вчера заедно со другите негови колеги не отпатувал во Лондон поради стомачен вирус.

Се најавува дека новото засилување Хавиер Ернандез ке го превземе местото на Руни во нападот.