My Bloglist

среда, 29 септември 2010

Валенсија-Манчестер Јунајтед 0-1, 2 коло, С група во ЛШ

Во второто коло на С групата од Лигата на Шампионите Манчестер Јунјатед ја забележа и првата гостинска победа во сезоната. Во еден тежок натпревар со многу трчање, тактичко надмудрување и посед на топката на страната на домаќините, Јунајтед сепак најде начин да си замине од Местаља со 3 бода.

По подолго време во првиот тим се вратија Керик, Андерсон и Рафаел од кои само Керик не се покажа баш во најдобро светло. Во нападот Бербатов беше осамен и немаше многу шанси. По крилата Нани и Парк исто немаа мнoгу употребливи топки за Бербатов. Одбраната на овој натпревар беше на највисоко ниво. Се виде дека враќањето на Фердинанд значи многу за одбраната. Заедно со Видиќ, Евра, Рафаел и одличниот Ван Дер Сар на голот, Јунајтед ги одбиваше сите напади на домашната екипа. Среќниот момент се случи во финишот на натпреварот кога во игра влегоа Хернандез и Македа. Веќе во втората посериозна шанса Хернандез одлично искористи една топка од Македа и со удар од 15-ина метри му донесе водство и победа на Манчестер Јунајтед на ова тешко гостување.


Во другиот натпревар од оваа група Ренџерс на домашен терен славеше против Бурсаспор со 1-0 па така сега британските екипи го имаат главниот збор во групата засега:


1. Манчестер Јунајтед 1 1 0 1-0 4
2. Ренџерс 1 1 0 1-0 4
3. Валенсија 1 0 1 4-1 3
4. Бурсаспор 0 0 2 0-5 0

вторник, 28 септември 2010

Валенсија - Манчестер Јунајтед (ЛШ, групна фаза, 2 коло)

Стадион: Местаља, 29 септември, среда, 20:45ч.

- По неуспешниот поход на Јунајтед да се врати од гостувањето во Болтон со планираните 3 бода во рамките од натпреварите во Премиер лигата, "четата" на Алекс Фергусон е пред нов, тежок испит наречен гостување на Валенсија на стадионот Местаља. Овој дуел според многумина ќе реши која од овие две екипи ќе го завземе првото а кој второто место во групата  Ц во натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите.

- Ако Јунајтед сезонава сеуште ја игра во крајно променлива форма истото не може да се каже за шпанските "лилјаци" предводени од младиот и талентиран шпански стратег Унаи Емери. Валенсија, во среда, ќе ги пречека "црвените ѓаволи" како лидер во Премиера дивизион со бод предност пред Барселона и 2 пред Реал Мадрид. Тоа се должи на 4-те победи и едното реми во првите 5 кола во шпанската лига. Иако се очекуваше Валенсија да биде далеку по неконкурентна од ланската сезона пред се поради продажбата на двајцата главни играчи Давид Виља и Давид Силва сепак оваа година колективната игра на Валенсија е таа што дава резултати...

- Доколку ја изземе победата над Сканторп во Карлиг куп натпреварувањето (бидејќи станува тим кој се натпреварува во втората по ред лига во Англија), оваа сезона Манчестер Јунајтед сеуште нема славено на гостински терен. На последните три гостувања фудбалерите на Јунајтед исто толку пати одиграа нерешено, па затоа пред англичаните се наметнува една крајно тешка задача во овој натпревар. Згора на тоа, во првото коло од Лигата на шампионите, Јунајтед одигра нерешено на домашен терен против екипата на Глазгов Ренџерс додека Валенсија го прегази турскиот Бурсаспор со 4-0 и тоа како гостин сред Турција.

- Дополнителна грижа на Сер Алекс Фергусон секако му создаваат и повредите на неколку играчи... Па така поради повреда, за Шпанија не отпатуваа Валенсија, Гигс и Руни, додека Фердинанд иако отпатува неговата ситуацијата сеуште е нејасна бидејќи иако фигурира како опоравен од повреда, сепак не настапи на натпреварот Болтон - Манчестер Јунајтед. Со составот исто така не отпатуваа Сколс и Невил... Дали станува за поситна повреда или одмор останува да видиме... Сепак, добра вест за фановите на Јунајтед е враќањето од повреда на Карик кој е повикан во екпедицијата на Манчестер, а повикан е и талентираниот Бебе кој имаше неколку добри минути на средбата со Сканторп...

Тимот кој отпатува (22 фудбалери): 
Голмани: Ван Дер Сар, Кушчак, Амос; 
Одбрана: Смалинг, Фердинанд, Видич, Евра, О'Ши, Еванс, Рафаел, Браун;
Средина: Андерсон, Нани, Бебе, Карик, Гибсон, Флечер, Парк;
Напад: Бербатов, Македа, Чичарито, Овен;

понеделник, 27 септември 2010

Снајдер сака само во Јунајтед

Еден од најдобрите фудбалери на Интер, Весли Снајдер упорно одбива да го продолжи договорот со тимот од Џузепе Меаца.

Снајдер истакнува дека би сакал во текот на кариерата да го носи дресот на Манчестер Јунајтед.

"Ако ме прашате дали би сакал да настапувам за Манчестер Јунајтед, јас веднаш ќе ви одговорам ДА. Мислам дека никој не треба да ја испушти шансата во дел од својата кариера да го носи дресот на еден од најголемите клубови во Европа", изјави Снајдер.

Ѕвездата на Интер и холандската репрезентација досега настапуваше за Ајакс, Реал Мадрид, а во Италија пристигна пред почетокот на минатата сезона.

Јунатед остана без 2 од планираните 3 бода против Болтон

- Уште едно реми за Манчестер Јунајтед, на уште едно гостување... Овој пат Болтон беше тимот кој им откина 2 од планираните 3 бода на "црвените ѓаволи". Натпреварот заврши со резултат 2-2, а со тоа Јунајтед не ја искористи до крај можноста да ја намали бодовната разлика на само бод од моментно првопласираниот Челси па мораше да се задоволи со намалување на разликата за само бод од предходното коло и сега истата изнесува 3 бода.


Бледото издание на  Вејн Руни зачинето со мала повреда
- Во овој натпревар домаќините на два пати водеа, додека Јунајтед на два пати успеваше да го израмнува резултатот. Болтон го отвори натпреварот по само шест минути игра кога Зет Најт реализираше за водство од 1-0. Во 23та минута, Нани тргна од својата половина и во одлична соло акција успеа да израмни на 1-1. Иако Јунајтед по погодокот имаше доволно шанси да зголеми на 2-1 сепак на полувреме се замина со по еден гол во мрежите на двете екипи.
По паузата Мартин Петров во 67та минута го враќа водството на Болтон, топката го закачи Флечер и заврши во мрежата на Ван дер Сар. Неколку минути подоцна Елмандер можеше да стави и точка на натпреварот откако одлично се ослободи од Видич, меѓутоа концентрацијата го напушти во последен момент и биеше над голот на Ван Дер Сар иако беше во ситуација еден на еден со голманот на Јунајтед. Само три минути откако влезе во игра, Мајкл Овен во 74та минута постигнува гол со глава за израмнување на резултатот на 2-2 по што до крај следуваше игра без игра од страна на двата тима... Тоа резултираше крајниот исход да остане непроменет и натпреварот заврши нерешено.

Одличен но недоволно за победа
- На овој натпревар повреда заработија Рајан Гигс кој ќе отсуствува2 недели поради повреда на препоните и Вејн Руни кој заработи полесна повреда со која отпадна од комбинација за дуелот со Валенсија во рамките од натвреварите во Лигата на шампионите.  

- Ова беше едно навистина интересно коло во Премиер лигата во кое покрај Манчестер Јунајтед победа не забележаа ниту Челси, Арсенал и Ливерпул.

сабота, 25 септември 2010

Болтон - Манчестер Јунајтед (Премиер лига, 6 коло)

Рибок стадион, 26 септември, недела, 13:00ч.



- Поразот на Челси од екипата на Ман. Шити како и поразот на Арсенал сред Емирати стадионот од екипата на ВБА е најголемиот мотив на Јунајтед да стигне до победа против Болтон. Со освојувањето на трите бода, на Рибок стадионот, избраниците на Сер Алекс Фергусон би се пробиле на втората позиција на само бод зад Челси. Со тоа Јунајтед ќе се "извади" за лошиот старт на почетокот во Премиер лигата.

- Овој натпревар е своевидно дерби бидејќи станува збор за градови кои се блиску еден со друг. Станува збор за уште едно западно-северно дерби каде Болтон е екипа која им "лежи" на црвените ѓаволи бидејќи во последните 11 гостувања, Јунајтед претрпел само 1 пораз а е во серија и од 5 победи по ред.

- Поволен момент за Фергусон е тоа што ќе настапи со целосно одморен состав кој паузираше сред неделата додека траеа натпреварите од Карлинг купот бидејќи во тие натпревари Јунајтед настапи со комплетно вториот состав. Па така во нападот на Јунајтед се очекува враќање на Бербатов кој се наоѓа во извонредна форма како и на Сколс кој ја доживува својата втора младост.

- Добра вест која доаѓа од Олд Трафорд е секако и појавувањето на Овен Харгрејвс на тренинзите додека Рио Фердинанд кој настапи на средбата против Сканторп докажа дека повредата е минато и се очекува да се појави во тимот и да го одигра својот прв премиерлигашки натпревар сезонава.

Најголемата опасност доаѓа од Елмандер и Бербатов
- Најголемата опасност од редовите на Болтон би требало да доаѓа од Елмандер кој има постигнато 3 гола и од капитенот Кевин Дејвис кој знае како да погоди против Јунајтед а до сега во сезоната има постигнато 2 гола....

- Кај Јунајтед, Бербатов има постигнато 7 гола (6 во Премиер лигата) додека Руни има само 1 постигнат гол и тоа е само мотив повеќе за него на натпреварот со Болтон конечно да заигра како што знае и умее....

Веројатен состав на Јунајтед: ВДС; Невил, Фердинанд, Видич, Евра; Нани, Сколс, Флечер, Парк; Руни, Бербатов

Фергусон ја повикува Кралицата да му даде витешки чин на Рајан Гигс

Менаџерот на вицешампионот Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон смета дека еден од лидерите на тимот Рајан Гигс треба да добие витешка титула „сер".

Шкотланѓанецот мисли дека штом Клајв Едвард се закитил со титулата „сер“ откако го освоил Светското првенство за рагби во 2003-та година, би било логично истиот статус да го добие и Рајан Гигс.

Во Предговорот на новата книга на Рајан - „Мој живот, моја историја“, Фергусон вели дека титулата „сер“ совршено ќе ја материјализира успешната кариера на својот играч кој придонесува многу во Јунајтед.

„Има една награда која може да го означи успехот на Рајан кој го доби во сите овие години и јас верувам дека е само прашање на време кога тој ќе ја добие.“ - вели Сер Алекс.

„Би сакал неговото име да звучи - Сер Рајан Гигс. Зошто да не? На крајот на краиштата кога еден рагби играч како Клајв Едвард стана витез на кралството по освојувањето на Светското првенство во 2003-та година, зошто да не биде и Гигс?“ - се запраша на крајот Фергусон.

Јунајтед е спремен да понуди 20 милиони за Де Геа

Англискиот вицешампион Манчестер Јунајтед сериозно се заинтересира за младиот шпански голман Давид де Геа, јавува денешното издание на Мирор.

Менаџерот на Јунајтед Алекс Фергусон настојува да биде донесен 19-годишниот млад репрезентативец на Шпанија, со оглед на тоа дека ѓаволите треба наскоро да најдат замена за ветеранот Едвин ван дер Сар.

Јунајтет веќе упати една понуда за Де Геа, но таа беше отфрлена од семејството на шпанскиот тинејџер.

После тоа медиумите од островото информираа дека во Јунајтед имаат приготвено чек од 14 милиони, кој ќе послужел за привлекување на голманот на Атлетико Мадрид.

Спорет денешните информации трансферот на младиот играч во Манчестер ќе стане факт ако Ферги и шефовите над него издвојат 20 милиони евра.

Втората варијанта за англичаните е холандскиот репрезентативец Маартен Стекеленбург но според Мирор, трансферот на Де Геа на Олд Трафорд е поверојатен.

четврток, 23 септември 2010

Јунајтед го сака Де Геа како наследник на Ван Дер Сар

Манчестер Јунајтед сака во своите редови да го донесе голманот на Атлетико Мадрид, Давид Де Геа уште во јануарскиот преоден рок.

Алекс Фергусон синоќа присуствуваше на Местаља, не само да го гледа неговиот следен противник Валенсија, туку и младиот голман кој треба да биде наследникот на Ван Дер Сар.

Де Геа има само 19 години и се смета за еден од најталентираните голмани на денешницава, а на Олд Трафорд го гледаат како адекватна и долгорочна замена за Ван Дер Сар.

Црвените ѓаволи веќе упатиле една понуда за фантастичниот млад голман која беше одбиена по желба не наговото семејство, но сега се спремени да му понудат 14 милиони евра за него.

среда, 22 септември 2010

Scunthorpe-Manchester United 2-5

Во третото коло на Карлинг Купот кој Манчестер Јунајтед го брани од мината сезона, тимот на Алекс Фергусон со комбиниран состав немаше проблеми да слави против второлигашот Сканторп и го победи на гостински терен со 5-2.

Почетниот состав кој го започна натпреварот беше: Кушчак, Браун, Фердинанд, Смалинг, Рафаел, Гибсон, Парк, Андерсон, Овен, Македа и Хернандез, а во вториот дел шанса добија Обертан и Бебе. Сканторп изненади со водството од 19-та минута, но Јунајтед брзо се врати во игра со голот на Гибсон, а брзо потоа направи и пресврт со голот на Смалинг за водство од 2-1. Во второто полувреме Јунајтед направи серија од уште 3 гола (двапати Овен и Парк) за убедливо водство од 1-5, а Сканторп намали во 90-та минута за конечен резултат 2-5. Ова секако беше добра можност за оние кои добиваат помала минутажа да се докажат, како и оние кои се мачеа со повреди подобро да се подготват за натпреварите во Премиер Лигата.

Интересно да се издвои од ова коло на Карлинг Купот е што елиминации доживеаја Челзи (пораз дома од Њукасл 3-4), Манчестер Сити (пораз на гости од ВБА 2-1) и Ливерпул (пораз дома на пенали од Нортемптон).

Алармантна ситуација во Јунајтед по комплицираната ситуација со Снајдер

Манчестер Јунајтед ја следи ситуацијата со договорот на Весли Снајдер во Интер кој не оди според плановите.

Холанѓанецот се поврзуваше со Манчестер Јунајтед по Светското Првенство, а потоа изјави дека има желба еден ден да заигра на „Олд Трафорд“.

Снајдер потоа изјави дека посакува да остане во Интер уште некоја сезона, но сепак таквиот епилог е под прашалник откако неговиот агент, Сорен Лерби изјави дека Интер ги прекршиле нивното ветување.

Финансиски не можат да работат надвор од договорот. Преговорите се стопирани и ќе започнат наново ако Интер се врати на старото. Весли беше мета на клубови по Мундијалот, но тој беше среќен во Интер.

Тој почуствува дека не може да замине од клубот по една сезона откако газдата Масимо Морати даде на знаење дека тој ќе биде лидер во наредните години и на Весли му вете дека ке зема поголема плата и ке има поголема клаузула за скап трансфер.

Ваквата ситуација би била бинго за Сер Алекс Фергусон и од „црвените ѓаволи“ се очекува офанзива доколку случувањата останат вакви какви што се.

Сканторп - Манчестер Јунајтед (Карлинг куп, 3 коло)







- Од ова, трето коло во Карлинг купот, Јунајтед денеска, 22-ри септември, ја започнува одбраната на за жал единствениот трофеј кој го освои минатата сезона. Избраниците на Фергусон вечерва ќе му гостуваат на Сканторп Јунајтед, екипа која се натпреварува во чампионшип лигата во англија (втора по ранг).

- Како што е познато овој куп големите екипи го користат за да им се даде можност на фудбалерите кои ретко добиваат можност за настап па и за очекување е Фергусон да настапи со многу подмалден состав а шанса исто така да добијат фудбалери како Овен, Андерсон, Мачеда, Чичарито, Гибсон, Кушчак и останатите...

вторник, 21 септември 2010

Јунајтед го враќа Роналдо!?

Манчестер Јунајтед подготвува неверојатна понуда за враќање на ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо повторно на Олд Трафорд.

Според извори од Шпанија, сер Алекс Фергусон сака повторно да го врати Роналдо во клубот, а за тоа планира да издвои ни помалку ни повеќе туку 100 милиони евра.

Со оглед на финансиската ситуација во гигантот од Премиерлигата Флорентино Перез никогаш нема да го продаде фудбалерот, трансферот се чини е невозможен.

Меѓутоа неодамнешните шпекулации велат дека лошата форма на Роналдо за кралскиот клуб се резултат на незадоволството на играчот со неговата позиција во тимот.

Додека Роналдо се уште ја бара формата во новата сезона и натаму ќе продолжат да се зголемуваат шпекулациите околу иднината на CR7.

недела, 19 септември 2010

Магичен ден за Бербатов, критичарите со затворени усти

Играчите му честитаат на Бербатов за еден од погодоците
- Бугарскиот интернационалец во редовите на Јунајтед, Димитар Бербатов, против Ливерпул го одигра најдобриот натпревар во неговата кариера меѓу "црвените ѓаволи" а можеби и воопшто... Берба одигра маестрално успевајќи да го "матира" голманот Реина дури три пати со што го постигна својот прв хет-трик за Јунајтед. Воедно третиот гол значеше и предност од 3-2, а Бербатов стана првиот фудбалер на Јунајтед од 1946 година на кој му успеало да даде 3 гола против Ливерпул на еден натпревар. 


Берба по постигнувањето на решавачкиот 3 гол на средбата
"- Денеска е магичен ден, особено за мене бидејќи успеав да постигнам хет трик но и бидејќи го победивме ривалот Ливерпул. Сите беа среќни во соблекувалната по натпреварот, како и јас и затоа дома ќе заминам со насмевка на моето лице бидејќи "добивме" еден многу значаен меч.
Веројатно ова беше најдобриот натпревар кој сум го одиграл во дресот на Јунајтед но не сакам да остане така бидејќи сакам да напредувам, да одиграм уште подобри натпревари од овој. Морам да истакнам дека денеска сите коцки ми се поклопиа. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи кои ме "хранеа" со топки."- изјави најдобриот поединец на дерби натпреварот, Бербатов кој вечерта по натпреварот ќе ја помине дома играјќи со своите деца.
Бугаринот задоволен го напушта теренот

Манчестер Јунајтед на крилјата на Бербатов до голема победа во дербито

Во дербито на 5-то коло на англиската Премиер Лига, Манчестер Јунајтед го победи Ливерпул на Олд Трафорд со 3-2. Победата дојде по голема заслуга на Димитар Бербатов кој како никогаш досега во еден таков важен натпревар постигна 3 гола и целосно го засени Руни кој и натаму останува со само 1 постигнат гол сезонава и тоа од пенал.
Натпреварот започна со доминација на Јунајтед во обид да се постигне брз гол. Сепак Ливерпул го одби првичниот притисок и играта беше изедначена на средината на теренот. Во финишот на првото полувреме Бербатов го отвори резултатот со удар со глава во пад во 42-ра минута. Во второтo полувреме беше вистинската битка. Манчестер се обидуваше да постигне и втор гол и да го реши натпреварот. Повторно Бербатов стапи на сцена со прекрасен гол со ножички:

И кога сите очекуваја мирно приведување кон крајот на овој натпревар искра надеж за гостите. Еден добар потег на Торес, старт на Еванс и пенал за Ливерпул. Жерард намали на 2-1. Само неколку минути подоцна уште еден кикс на одбраната со фаул над Торес, овојпат О'Ши, и слободен удар од околу 18-метри. Повторно Жерард во главна улога, пронајде пукнатина во живиот ѕид и од никаква игра и шанси Ливерпул стигна до 2-2. Сепак денеска беше пишано очигледно Бербатов да го реши натпреварот и при самиот крај уште еден гол со глава на Бербатов и голема радост на трибините за водството од 3-2. До крај само рутински се задржа топката, без посериозни шанси по што публиката со аплауз ја поздрави победата против омразениот ривал и секако брилијантната партија на Бербатов која можеби беше најдобра откако го носи црвениот дрес.



Бербатов при постигнувањето на третиот гол


Целосен хајлајтс од головите и шансите може да видите тука


Се очекува Челзи да изигра денеска со Блекпул на домашен терен од 17:00, а вчера Арсенал ремизираше на гости со Сандерленд 1-1. Челзи води на табелата со 12 бода(-1), а го следат Манчестер Јунајтед и Арсенал со по 11 бода. Следното коло Јунајтед му гостува на Болтон.

Јунајтед со нов голман од Јануари?

Чуварот на мрежата на Ајакс, Мартен Штекеленбург во изјава за холандските медиуми потврди дека е подготвен за нов предизвик, а тоа е трансферот во Манчестер Јунајтед.

Дваесет и девет годишниот голман на Олд Трафорд би требало да го замени фантастичниот сонародникот, Едвин ван дер Сар.

Очигледно дека менувањето на Ван дер Сар е судбина на Штекеленбург, кој во Ајакс ја доби шансата по неговото заминување, а и на голот на националниот тим застана откако неговиот постар колега се повлече од настапите.

Договорот на холандскиот репрезентативец со Ајакс истекува во 2011 година, а се очекува тој од Амстердам да си замине уште во текот на јануарскиот преоден рок доколку Ајакс сака да заработи нешто од неговото заминување.

сабота, 18 септември 2010

Манчестер Јунајтед - Ливерпул (Премиер лига, 5 коло)

Олд Трафорд, 19 септември, недела, 14:30ч.

- Недела... .Феноменален ден за феноменално дерби.... Според титулите освоени од страна на двете екипи ова претставува најголемо дерби во премиер лигата.... И двете екипи имаат ист број титули, шампион во Англија (по 18 пати) иако мора да се признае гостинот, екипата на Ливерпул од поодамна не знае како е да се биде на челната позиција на крајот од сезоната...

- Иако Ливерпул оствари победа од 4-1 во четвртокот против екипата на Стеауа од рамките на Лигата на Европа а Јунајтед одигра само нерешено 0-0 во вторникот против Ренџерс во Лигата на шампионите, сепак се чини дека во ова дерби Јунајтед е тимот кој влегува како фаворит за победа...

- Несомнено е дека Ливерпул го има најслабиот тим во последните 5-6 години а ако на тоа се надодаде и слабата форма во која се наоѓаат Џерард и Торес тешко е за очекување дека Ливерпул може да дојде до победа во овој дуел иако ниту Јунајтед не може да се пофали со нивниот старт во оваа сезона. Од 5-те одиграни средби во досегашниот дел од сезоната (изземајќи го мечот во черити шилд купот) "црвените ѓаволи" одиграа дури 3 пати нерешено што е премногу за тим како Јунајтед...

- Интересно ќе биде да се види дали шанса на натпреварот ќе добие Мајкл Овен кој своевремено беше миленик на навивачите на Ливерпул и дали токму тој ќе стави печат за победа на Јунајтед. Во едно скорешно интервју Овен вети дека би прославувал доколку постигне гол против тимот во кој беше херој долги години...

Фудбалери кои се во комбинација за настап против Ливерпул:
Ван Дер Сар, Кушчак, О'ши, Рафаел, Невил, Браун, Фердинанд, Видич, Еванс, Смалинг, Евра, Фабио, Парк, Гибсон, Сколс, Андерсон, Флечер, Гигс, Нани, Руни, Овен, Бербатов, Чичарито, Мачеда

Интро за натпреварот:
http://www.youtube.com/watch?v=G9qg3ZSnU6Y&feature=player_embedded

Стекеленбург има желба да го наследи Ван Дер Сар

Холандскиот национален голман, Мартин Стекеленбург има желба да го облече дресот на Манчестер Јунајтед од новата сезона, пишуваат медиумите во Холандија.

Голманот на Ајакс нема ништо против да го наследи својот сонародник и поранешен колега од националниот тим, Едвин Ван Дер Сар на „Олд Трафорд“.

Интерес кон Стекеленбург има и од страна на Арсенал, но  Стекеленбург не бил кој знае колку воодушевен од возможноста да заигра за „топџиите“.

Моментално Стекеленбург е играч на Ајакс, а како голман не сака да го напушти Ајакс за време на зимскиот преоден рок и трансферот во Манчестер Јунајтед би се случил наредното лето, предвидуваат колегите од Холандија.

петок, 17 септември 2010

Флечер очекува Ливерпул да биде уништен во недела

Играчот од средината на Манчестер Јунајтед, Дарен Флечер очекува во неделното дерби да го совладаат Ливерпул.

Манчестер Јунајтед веќе заостанува 4 поени зад Челси во Премиерлигата откако пропуштија победи против Фулам и Евертон во последните мигови од натпреварите.

„Црвените ѓаволи“ исто така пропуштија да го совладаат и Ренџерс во Лигата на Шампиоите, па мораат да го поправат впечатокот против Ливерпул.
 
Сега мораме да го вратиме тоа што го пропуштивме. Мораме да го уништиме Ливепрул.

Историјата на Ливерпул нема да им дозволи да играат со 9 играчи зад топката.

 


Фергусон очекува Валенсија да се врати кон крајот на Фебруари

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон откри дека Антонио Валенсија би можел да се врати на терените кон крајот на февруари.

Крилото на ’Црвените Ѓаволи’ во вторникот заработи тешка повреда на скочниот зглоб на натпреварот против Глазгов Ренџерс при еден дуел со Кирк Брадфут.

Вчера врз интернационалецот од Еквадор успешно беше извршена операција и се стравуваше дека Антонио Валенсија ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната.

Но денеска Сер Алекс Фергусон, кој во прв момент стравуваше дека сезоната за Валенсија е завршена, откри дека играчот треба да се врати на терените кон крајот на февруари.

Фергусон изјави дека:

Никогаш не можете да бидете 100% точни во вакви ситуации и повредата навистина е страшна, но очекуваме тој да се опорави до крајот на февруари. – рече Фергусон.

Операцијата беше успешна и скршеницата беше поправена, тоа беше најголемата загриженост за нас.

Тој е силно момче, и е многу позитивен за целата ситуација.

среда, 15 септември 2010

Манчестер Јунајтед со нерешен резултат и тешка повреда
го започна настапот во ЛШ

И покрај сите очекувања навивачите на Манчестер Јунајтед сигурно ќе сакаат што побрзо да го заборават вчерашниот ден и стартот во Лигата на Шампионите. Во натпреварот против Глазгов Ренџерс од првото коло во групата С се случи нешто многу полошо од самиот краен резултат кој гласеше по овој завршувањето на овој натпревар (0-0). Имено во еден сосема обичен и нималку груб дуел со противнички играч крилото на Манчестер Јунајтед, Еквадорецот Антонио Валенсија доживеа тешка повреда со фрактура на левата нога и изместување на зглобот. Според ретките повторени снимки кои имавме можност да ги видиме најверојатно станува збор за лош контакт со теренот и неприродна позиција на целата нога поради што и настанала повредата. Сите со неверување гледаа што се случува во следните минути кога лекарската екипа со носила и боца со кислород го изнесе Валенсија надвор од теренот.


Моментот кога играчот на Ренџерс, Нејсмит ги повикува лекарите на Манчестер Јунајтед што побрзо да интервенираат.

Денес или утре Валенсија требаше да оди на операција по што ќе се знае до кога нема да биде на располагање на Фергусон, а според тежината на повредата се стравува дека тоа може да биде за подолго време, можеби и за цела сезона.
      Сега да се вратиме на натпреварот. Ова беше единствен натпревар кој се одигра вчера во ЛШ што заврши без голови. Гостите од Шкотска дојдоа да освојат барем бод и успеаја во тоа иако рака на срце тоа го направија со исклучително дефанзивна игра, која на моменти личеше на формација 6-4-0 со никаква намера да се тргне во напад. Сепак и составот кој го извади Фергусон се чини донекаде имаше влијание на резултатот. Ги немаше Евра, Нани, Бербатов, Видиќ, Сколс, Ван Дер Сар, а на нивно место Парк, Фабио, Гибсон, Браун, Хернандез, но затоа се врати Фердинанд кој во комбинација со младиот Смалинг  во одбраната немаа многу работа. Андерсон исто така се врати на клупата, но не доби шанса за настап. Нападот со Руни и Хернандез не успеа барем еднаш да ја затресе мрежата на Шкотите. Руни често го затвораа по 3-4 противнички играчи, а Хернандез се изгуби во густата одбрана на гостите. Средината со Флечер и Гибсон се чини немаше доволно креативност да даде употреблива топка до напаѓачите и повеќе се решаваа на шутеви од далечина, од кои неколку беа навистина сериозни, но не доволно да го загрозат голот на Ренџерс.




Руни и натаму не може да ја пронајде ланската форма и сеуште останува само на оној гол од пенал против Вест Хем во Премиер Лигата. Можеби вистински предизвик ќе биде следниот натпревар веќе во недела од 14:30 против Ливерпул во големото дерби каде Манчестер ќе биде на голем испит, прво да ја преброди тешката повреда на Валенсија и секако да се победи големиот ривал.

Во другите средби:

Твенте-Интер 2-2
Вердер-Тотенхем 2-2
Лион-Шалке 1-0
Бенфика-Хапоел Т.А. 2-0
Бурсаспор-Валенсија 0-4
Копенхаген-Рубин Казан 1-0
Барселона-Панатинаикос 5-1

Натпреварите од групите Е-Х се играат вечерва.




вторник, 14 септември 2010

Повредите се зад Фердинанд и среќен е што се враќа

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд е уверен дека проблемите се зад него и полека но сигурно се подготвува за првиот настап во новата сезона.

Проблемите со грбот и коленото го одалечија Фердинанд подолго време од терените.

Фердинанд е среќен што се враќа на теренот, би можел да настапи уште вечерва против Ренџерс во Лигата на Шампионите.

Грбот му е добар. Има работи кои треба да ги прави за да се осигура дека повредата нема да се повтори, но сето тоа е дел од тоа што старее.

Чувствува дека коленото ми е во перфеткна состојба и уверен е во добро враќање на теренот.

Едноставно ужива да е на теренот, да го носам повторно дресот и да ја чувствува тревата под нозете.

понеделник, 13 септември 2010

Манчестер Јунајтед - Глазгов Ренџерс (ЛШ, групна фаза, 1 коло)

Олд Трафорд, 14 септември, вторник, 20:45ч.


- Манчестер Јунајтед, во вторник против екипата на Глазгов Ренџерс, го започнува походот по трофејот во Лигата на шампионите, нешто што успеа да го оствари пред 3 сезони. На Олд Трафорд пристигнува тимот кој е шампион во Шкотска и тим за кој Алекс Фергусон навивал а подоцна и настапувал.

- И повторно, ова е шанса фудбалерите на Јунајтед да докажат дека се доволно квалитетни за да се вбројат меѓу фаворитите за освојување на трофејот во ова натпреварување. А моралот за такво нешто нема да изостане и ако се има во предвид, непредвидливиот кикс кој го направија избраниците на Фергусон во саботата кога му овозможија на Евертон да спаси бод со двата гола примени во судиското продолжение.

- Јунајтед во дуелот со Ренџерс секако e голем фаворит. Во прилог секако оди и тоа што во последните 8 дуели против шкотски екипи, "црвените ѓаволи" изгубиле само еднаш (5 победи и 2 нерешени). Само Селтик успеал да го победи Јунајтед со 1-0 и тоа на Олд Трафорд во сезоната 2006/2007. Од друга страна Ренџерс нема обезбедено победа во Лигата на шампиони веќе 10 натпревари (3 нерешени и 7 порази).

- Рио Фердинанд, кој се враќа на терените по повреда која го чинеше настап на Светското првенство како и настап во првите четири кола конечно се очекувва да дебитира во новата сезона. Се очекува и Вејн Руни да го завземе стартното место во тимот на Јунајтед откако Фергусон се одлучи да го поштеди против Евертон и навивачите на неговиот предходен клуб, како и и да му даде повеќе време да се "среди" од големата фама што се дигна за него во Англија поради веќе добро познатата причина.

- Освен Карик кој е повреден и Овен Харгрејвс кој не е ни регистриран за настапите во Лигата на шампионите, Фергусон ќе ги има на располагање сите фудбалери, што му дава можност на Ферги да одмори дел од првотимците за дерби натпреварот со Ливерпул кој е закажан за 19 септември, недела во рамките од петтото коло од Премиер лигата кое ќе се одигра исто така на Олд Трафорд.

Денешни новости!!!

Руни се врати на тренинзите во добро расположение и топ форма

Вејн Руни се врати на тренинзите на Манчестер Јунајтед во добро расположение и ќе биде во комбинација за натпреварот против Глазгов Ренџерс.

Руни не се најде во составот на Јунајтед за натпреварот во саботата против Евертон на Гудисон Парк каде што домаќините му подготвуваа жесток пречек.

Тој ќе биде во комбинација за утрешниот натпревар од Лигата на Шампионите против Глазгов Ренџерс.

 Руни го моли Ферги за да игра против Ренџерс

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни гори од желба да игра во утрешниот натпревар од Лигата на шампиони против Глазгов Ренџерс.  

Руни дури не се најде ниту во составот против Еверотн откако менаџерот сер Алекс Фергусон призна дека на тој начин сакал да го ослободи од обидите на навивачите на "карамелите" да го навредуваат Руни.

Самиот играч имал желба да игра против својот поранешен клуб и го уверувал својот менаџер дека нема потреба од одмор.

И покрај тоа Шкотланѓанецот не се поколеба да ја остави својата ѕвезда надвор од тимот за Евертон. 


Фергусон јасно му ставил до знаење на Руни дека овој пат ги минал границите и дека такво нешто не треба да се повтори. Руни пак го замолил својот менаџер да игра против Ренџерс на Олд Трафорд. 

 Реал приготвува понуда за спас за Руни

Шпанскиот гигант Реал Мадри ќе излезе со примамлива понуда за играчот на Манчестер Јунајтед Вејн Руни и ќе се обиде да го спаси напаѓачот од тензиите на Островот по секс-скандалот со проститутката.

Мадриѓаните ке се обидат да го привлечат во своите редови, а понудата за англичанецот би изнесувала 65 милиони фунти.

Во Шпанија фудбалските ѕвезди во голема мера се чувствуваат слободно кога станува збор личниот живот и тоа може да го натера англискиот репрезентативец да ја разгледа понудата на „кралскиот клуб“ па дури и да ја прифати.

Жозе Мурињо одамна бара идеален напаѓач, и многупати знаел да ги пофали квалитетите на Руни. Сер Алекс ќе се обиде да го задржи, но во случајот шкотланѓанецот може и да го изгуби драгоцениот напаѓач.

 Сер Алекс сеуште има кошмари поради натреварот со Баерн Минхен

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон призна дека суште не може да спие мирно поради натпреварот со Баерн Минхен од Лигата на шампионите одигран минтата сезона откако Јунајтед водеше во реваншот од четвртфиналето на Олд Трафорд со 3-0 сепак Баерн успеа да постигне два гола и да оди понатака.

Утре Сер Алекс го започнува учеството во фазата по групи на Лигата на Шампионите оваа сезона со натпреварот на домашен терен против Глазгов и Ферги изјави дека сака да донесе уште еден трофеј во витрините на клубот.

Фергусон изјави: го имаме освоено овој турнир само три пати, тоа не е доволно за клуб како Манчестер. Многу пати немавме среќа. Вистината е дека можевме да имаме уште 2-3 трофеи. Но натпреварот со Баерн уште му е останат во мислите.

 Навечер се нервирал за тоа како успеа да отпаднат кога работата беше скоро завршена.

Глазгов Ренџерс е тимот кој Ферги го поддржувал како мал и во кој играл како професионален фудбалер од 1967 до 1969 година и шкотскиот стратег има огромен респект кон тој клуб.

Дарен Флечер го споредува Волтер Смит со Фергусон

Дарен Флечер го спореди тренерот на Ренџерс Волтер Смит со својот на Олд Трафорд сер Алекс Фергусон.

Јунајтед утре ја отвара групната фаза од новата сезона во Лигата на Шампионите со натпреварот во Шкотска против Ренџерс.

Флечер има само пофални зборови за работата на Смит. Волтер е еден од најголемите тренери во историјата на Шкотскиот фудбал. Во неговите очи тој заслужува да биде поставен со Фергусон за најдобри тренери во шкотскиот фудбал.

Тоа што Смит го има напрево за Ренџерс е фантастично и затоа Дарен го споредува со Фергусон.

недела, 12 септември 2010

Фергусон сака Стекеленбург да го наследи Ван Дер Сар

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон и покрај пензионирањето на холандскиот голман Едвин ван дер Сар на голот на својот тим сака да ја гледа голмани на Холандија.

Наредното лето му истекува договорот на 40-годишниот Ван дер Сар со „црвените ѓаволи“, а желбата „број еден“ на Фергусон за неговиот наследник е чуварот на мрежата на Ајакс 27 годишниот Стекеленбург.

„News of the World“ пишува дека самиот Ван дер Сар му го препорачал Стекеленбург на Јунајтед, а делегацијата на клубот од Олд Трафорд го следела голманот на Ајаксза време на минатонедениот натпревар меѓу Холандија и Финска.

Доколку навистина дојде во Манчестер, Стекеленбург повторно ќе скокне на местото од Ван дер Сар, токму како и во холандскиот национален тим.

сабота, 11 септември 2010

Во драматичен натревар Јунајтед прокоцка шанса за победа

Во натпревар со фантастичен финиш, Манчестер Јунајтед испушти победа на Гудисон Парк, натпреварот заврши 3-3.

Црвените Ѓаволи водеа 3-1 се до 90та минута, но во судиското продолжение Евертон постигна два гола и дојде до голем бод.

Вејн Руни не настапи на овој натпревар, навивачите на Евертон беа подготвени за жесток пречек на нивниот поранешен фудбалер, но Фергусон не им го дозволи тоа задоволство и ко поштеди од притисок.

Евертон прв го отвори резултатот, Пиенар во 39-та минута по асистенцијата на Осман погоди за голема радост на навивичите на Евертон.

Радоста траеше само 3 минути. Флечер во 42-та минута изедначи на 1-1 и со овој резултат заминаа на полувреме.

Само што почна второто полувреме Јунајтед во 46-та минута преку Видич по одличната асистенција од Нани со глава направи комплетен пресврт.

Во 66-та минута Сколс одлично го проира Бербатов излезе сам пред Хауард, одлично пласираше за водство на Јунајтед од 3-1.

Судијата надополни 3 минути. И тогаш се случија најголемите возбудувања кога никој не очекуваше.

Кејхил со глава намали на 3-2. Неколку моменти по тоа Артета сензационлно израмнува на 3-3 и му овозможува на својот тим голем бод додека на Јунајтед му скина значајни 2 бода.

На овој меч за Јунајтед настапија:
Van Der Sar
Neville, Vidic, Evans, Evra
Scholes, O'Shea, Flecher
Nani, Berbatov, Giggs

Фергусон направи само една измена на местото од Evra во 81-та минута влезе Park.

Семејството Руни ги замоли новинарите да ги остават на мира

Вејн и Колијн Руни ги повикаа медиумите во Англија да го остават нивното семејство на мира, за да можат да ги решат проблемите кои се родија во нивната врска.

Последните шест дена беа многу болни за нас и нашето семејство. За нас е невозможно, како што би било и за секое семејство на наше место, да ги реши проблемите, додека медиумите постојано стојат пред врата и бараат занимливи приказни.

Токму поради тоа сакаме да ги замолиме новинарите да го почитуваат нашето право на личен живот и правото да си ги решиме проблемите во мир.

Фергусон: Руни го чека крвав кошмар на Гудисон Парк

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон смета дека денешното гостувањето во Евертон ќе биде вистински кошмар за големата ѕвезда на тимот Вејн Руни.

Напаѓачот во последно време имаше многу лични проблеми, и тоа доведе до разделба помеѓу двајцата сопружници.


Фановите на Евертон се подготвени да го исвиркаат Руни на Гудисон Парк кога тој денеска ќе излезе на теренот.

Гостувањето на Гудисон парк ке биде тешко за Руни. Таму Јунајтед има само 3 порази во 24 натревари. - додаде Фергусон.

петок, 10 септември 2010

Баерн Минхен и Манчестер во битка за 19-годишен талентиран германец

Според германските спортски медиуми, европските гиганти Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за младиот талент на германски Мајнц, Андре Шурле.

Преговорите за овој 19-годишен играч биле започнати во текот на летниот преоден рок, а неговата вредност моментално се проценува на 10 милиони евра.

Покрај  Баерн Минхен и Манчестер заинтересирани се и Хофенхајм и Баер Леверкузен, кои имаат сериозни намери да го ангажираат младиот талент.

Шурле во својата кариера има запишано 34 натпревари во кои постигнал шест погодоци за Мајнц.

Тој има одиграно три натпревари и бележи еден гол за младинскиот тим на Германија до 21 година но германските експерти му предвидуваат блескава иднина.

Ферги: Гигс нема да биде селектор на Велс

Гигс нема никакви шанси да го замени Џон Тошак на клупата на селекцијата на Велс, менаџерот во Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон.

36-годишниот напаѓач на Јунајтед беше препочаран за функцијата токму од Тошак, но шкотскиот стратег одма излезе со демант.

Разговарав со Рајан и ве уверувам дека нема да ја преземе репрезентацијата на Велс. Невозможно е да ги комбинира двете позиции.

Рајан има потреба од целата своја енергија и концентрација за да игра на високо ниво во Манчестер Јунајтед.

Рио се враќа, Керик во аут

Рио Фердинанд се враќа на следниот натпревар на Манчестер Јунајтед со Евертон после повредата која ја заработи пред почетокот на Светското Првенство во Јужна Африка.

Тој изјавил дека се чувствува спремен да се врати на терените и моментално тој е во планот на Ферги за задутре.

Мајкл Керик имаше повреди на ахиловата педа повеќе недели но сега веќе не може да игра и затоа тој ќе биде испратен на специјалист во Лондон.

Докторите од Јунајтед предвидуваат дека тој ќе биде во аут три недели.

Се надеваме дека постапно проблемот ќе се смири. Очекуваме од терените да отсуствува во наредните три недели до месец дена најмногу.“ - изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон.

Сер Алекс размислува да го изостави Руни за дуелот против Евертон

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон сериозно размислува за можноста да не смета на својота ѕвезда Вејн Руни за дуелот против Евертон бидејќи е под сериозен психолошки притисок по аферата со проститутката додека неговата сопруга била бремена.

Се очекува фановите на Евертон на Гудисон Парк да го пресретнат со убиствени шеги поради неговата лична драма па затоа Фергусон сака да го поштеди од овој дополнителен удар за него.

Фергусон изјави сите решивме дека Вејн ќе игра, бидејќи видовте колку добро се представи во Базел против Швајцарија но не е исто да играш надвор од земјата и на Гудисон Парк каде што има многу омраза и таа ќе биде насочена кон Руни.

четврток, 9 септември 2010

Нани: Манчестер Јунајтед се претвори во мој дом

Крилото на Манчестер Јунајтед, Луиш Нани призна дека веќе се чувствува како дома во својот клуб.

Португалецот се претвара во важна фигура во составот на менаџерот Сер Алекс Фергусон и со сласт го игра фудбалот.

Животот тука е многу убав. Зa мене сепак е најважно што можам секој ден да играм фудбал на високо ниво. Научив многу откако дојдов во Манчестер.

Фудбалерот изјави дека уште пред да биде привлечен кај црвените ѓаволи, како јуниор бил на екскурзија во Манчестер и се потсети на тоа колку време има поминато од тогаш.

Паметам, кога бев помал имавме екскурзија до Манчестер со еден пријател. Дојдовме и на стадионот. Влеговме во соблекувалната на тимот и бев восхитен од мислата: Леле тука седи Руни, а ова е местото на Роналдо и Гигс.

Размислував за тоа колку убаво би било еден ден и јас да седам тука, две години подоцна тоа навистина се случи.

Фердинанд очекува да остане капитен на Англија

Рио Фердинанд очекува да остане капитен на Англија и покрај некои гласини дека Стивен Џерард може да ја задржи лентата.

Џерард беше импресивен како капитен во првите два натпревари од квалификациите за ЕВРО 2012, по што се јавија гласините дека тој може да остане лидер.

Сепак, Рио Фердинанд кој е пред враќање по повредата на коленото, не верува дека ќе му биде одземена капитенската лента.

Фергусон :Имам подобар напад и од 1999

Сер Алекс Фергусон верува дека го поседува најдобриот напад што го имал до сега.

Ги споредува Вејн Руни, Мајкл Овен, Димитар Бербатов, Федерико Македа и новите засилувања Хавиер Хернандес - Чичарито и Бебе со легендите од 1999 година кога Манчестер Јунајтед ја освои тројната круна Енди Кол, Двајт Јорк, Теди Шерингам и Оле Гунар Солскер.


„Во однос на бројот, го имаме најсилниот напад од 1999. година па досега. Сигурен сум дека сите тие ќе ја добијат својата шанса“
, изјави Фергусон.

среда, 8 септември 2010

Руни на „пеење“ кај Сер Алекс

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон е подготвен да разговара со Руни во врска со ситуацијата на англискот напаѓач.


Ферги е бесен поради информациите на англиските медиуми кои секојдневно пишуваат за секс скандалот на Руни, кој ја изневерувал својата сопруга додека била бремена со проститутка.

Очигледно Ферги сака лично да ја слушне целата сторија околку приватниот живот на младиот напаѓач, и ќе го потсети дека има свои обврски и во Манчестер Јунајтед кои треба да ги почитува.

вторник, 7 септември 2010

Руни ќе го изневери Манчестер?

Навивачите на Манчестер Јунајтед можат да бидат загрижени по ново откриените приватни проблеми на нивниот најдобар играч Вејн Руни.

Ѕвездата има уште 18 месеци од истекот на договорот, а преговорите околу новиот се уште не се започнати.

Руни му вети на сер Алекс Фергусон дека по завршување на СП ќе стави потпис на нов петгодишен договор според кој би требало да заработува по 140.000 фунти неделно, се уште нема такво нешто.

Ако Руни до следното лето не потпише нов договор Манчестер ќе изгуби многу милиони. Вејн практички ќе биде слободен играч и ќе може да одбере во кој клуб сака да игра.

Гигс селектор на Велс?

Триесет и шестгодишниот играч на Јунајтед Рајан Гигс е легенда на велшкиот фудбал и на Манчестер Јунајтед. Од 1990 година ги брани боите на Манчестер Јунајтед и никогаш не го сменил клубот.

Велс лошо ги започна квалификациите со пораз од Црна Гора од 1:0. По тој пораз велшкиот селектор Џон Тошак изјави дека најдобро е да си замине од функцијата и на негово место да дојде Рајан Гигс.

Гигс знае дека тоа е одговорна работа но сака да ја прифати и во исто време да игра за Јунајтед затоа што чувствува фудбалски оган во себе и желба да игра и да стане селектор.