My Bloglist

сабота, 28 јануари 2012

Кајт го израдува Ливерпул пред крајот на мечот

  Ливерпул го елиминира Јунајтед од Фа Купот. На Енфилд Ливерпул се радуваше со 2-1, со голот на Дирк Кајт во 88 минута. Тежок натпревар за двете екипи, но и многу грешки на обете страни. Давид Де Геа имаше тешки моменти и лоши киксови, што ваквата игра на Шпанецот може да му го одземе првото место на голо. Кај екипата на Јунајтед голем број ограчи немаа шанса да играат.
  Видич, Флетчер немаат шанси на настап до крајот на сезоната, Андерсон, Клеверли, Џон, Јанг се повредени истотака и Руни и Нани го прескокнаа натпреварот на Енфилд.
  Даниел Агер го постигна првиот гол на мечот во 21 минута, од одлично изведен корнер. Де Геа беше немоќен да го запре стоперот на Ливерпул. Во 39 минута Рафаел одлично се протна низ десната страна и уфрли кон Парк, Џи-Сунг без многу мислење ја упати топката кон голот на Реина за 1-1. Во вториот дел имаше притисок од Јунајтед, Велбек имаше убава шанса за гол, но не ја искористо. Кени Далглиш ги уфли Белами и Кајт во игра. Ливерпул напаѓаше, дури 6 играчи се наоѓаа пред голот на Де Геа. Јунајтед имаше повторно голема шанса. Чичарито кој влезе на местото на Сколс беше излезе сам пред голот, но топката беше не успеа да ја задржи, Реина излезе надвор од казнениот простор и со глава ја исфрли топката, но само до Велбек, кој се обиде да бие од поголема далечина, бидејќи Реина не беше на голот. Но младиот Велбек не успеа да постигне гол. Во 88 минута Кајт постигна гол за елиминација на Манчестер Јунајтед од
Фа Купот и огромна радост на играчите и фановите на Ливерпул. 

петок, 20 јануари 2012

Де Геа ке оди на операција

Голманот на Јунајтед Де Геа има проблем со очите и ке мора да оди на операција.

Давид Де Геа на последните неколку натпревари не е помеѓу стативите, па неговото место полека но сигурно го презема Линдегард. Меѓутоа по се изгледа дека грешките кои ги правеше Шпанецот на терен се поврзани со проблемите кои ги има со видот.

21-годишниот голман требало да биде опериран уште минатата година додека бранеше за Атлетико Мадрид, но лекарите му рекле да почека една година.

Па така најверојатно Де Геа ќе оди ’под ласер’ во јуни оваа година, со цел конечно да биде отсранет неговиот проблем со очите.

среда, 18 јануари 2012

Фергусон сака да биде наследен од Солскер

Фергусон изјави дека поранешниот фудбалер на црвените ѓаволи Оле Гунер Солскер може да биде негов наследник.

„Денес многу играчи почнуваат тренрска кариера бидејќи немаат што друго да работат кога ќе заминат ја завршат кариерата. Со Солскер ситуацијата е поинаква бидејќи од секогаш велеше дека сака да биде тренер“, вели Фергусон.

„А колкав професионалец е најдобро покажува податокот дека во текот на играчката кариера на тренинг носеше тетратка и ги запишуваше важните податоци“, открива Фергусон.

Моментално Солскер е тренер на норвешкиот тим Молде, со кого во 2011 година го освои државното првенство.

понеделник, 16 јануари 2012

Баерн загреан за Бербатов

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон пред неколку недели објави дека Димитар Бербатов ќе остане во клубот, но шпекулациите за неговата иднина продолжуваат.

Според англиските медиуми, постојат големи шанси Димитар Бербатов да заигра за Баерн Минхен. Челниците на германскиот клуб веќе контактирале со агентот на бугарскиот интернационалец, како и со Манчестер Јунајтед.
 
Понудата на Баерн Минхен е тешка осум милиони фунти, а договорот на Бербатов со Манчестер Јунајтед истекува на крајот од оваа сезона со што шансите за тоја да го напушти клубот се многу големи.

Челниците на Јунајтед би можеле да ја активираат клаузулата за продолжување на договорот, но тоа е малку веројатно затоа што оваа сезона тој беше во првата постава на само девет од вкупно 31 натпревар на Јунајтед.
 
На Баерн Минхен му е потребен напаѓач затоа што Олиќ е блиску до напуштање на тимот и негова идеална замена би бил Бербатов, но за бугарскиот интернационалец е заинтересиран и неговиот поранешен клуб, Баер Леверкузен.

Позитивни критики за Валенсија


Антонио Валенсија роден на 4 Август 1985 и има 26 години и игра во Манчестер Јунајтед доби премногу позитивни критики.Иако во мечот во саботата со Болтон  кој заврши 3-0 тој не постигна нити еден гол тој во минатиот месец постигна 7 асистенции и исто така против неговиот поранешен тим (Виган) тој постигна 1 гол во 75-тата минута.Тој во Јануари на Etihad Stadium го постави првиот гол на Руни.Патрис Евра се пошегува и рече ,,Валенсија како да има лапнато мотор,,. Toј во цела кариера во Манчестер Јунајтед (2009-2012) има постигнато вкупно 13 гола.Тој во Манчестер Јунајтед игра под број 25.

недела, 15 јануари 2012

Пофалба од Фергусон за Сколс

Сколс имаше голем камбек во натпреварот од ФА Купот против Манчестер Сити, вчера тој за прв пат настапи како стартер.
 
Сколс го постигна својот 151 гол во дресот на Манчестер Јунајтед и му донесе водство на тимот од 1-0 во победа од 3-0 над Болтон.
 
"Ова е добар резултат. Мислам дека можевме да постигнеме и повеќе во првото полувреме, имавме голем број на одлични шанси, на моменти игравме фантастичен фудбал" - изјави Фергусон по натпреварот.
 
"Но треба да почекавме до пред крајот на првото полувреме за да постигнеме гол и да се ставиме во добра позиција".
 
"Го ставивме Сколс за подобра контрола во средниот ред кој ти може да ја даде".
 
"Но тој има инстикт, секогаш имал инстикт за гол и веројатно си рекол, добро полувреме ќе биде сега, ќе отидам напред и ќе се коцкам, и постигна гол за нас кој беше многу важен".

сабота, 14 јануари 2012

Јунајтед претежок за Болтон

  Во пресметката од 21 коло во Премиер Лигата, немаше позначајни натпревари. Црвенит Ѓаволи
со 3-0 го исппатија гостинот. Одличен натпревар за фановите на Јунајтед. Играчите на Ферги без
примен гол го совладаа тимот на Болтон.
  Дени Велбек одлично се проби кон голот на Богдан. Кнајд се обиде да го сопре младиот Англичанец, но не успеа на чист начин. Судијата му даде жолт картон на играчот од Болтон и ја досуди најстрогата казна. Богдан го прочита Руни и не му дозволи да постигне гол за водство. На
крајот од првиот дел Руни одлично додаде до легендата Сколс, кој прецизно биеше на само 5метра одалеченост од голот на Блекбурн. Во вториот дел Руни успеа да додаде кон Велбек и го зголеми водството на два гола. Но лош факт е при шутот, Дени прими лизгачки старт од позади и се здоби со повреда и по постигнатиот гол беше заменет со Чичарито. Мајкал Керик постигна одличен гол надвор од казнениот простор и го постави конечното водство од 3-0. 
  

петок, 13 јануари 2012

Дарон Гибсон премина во Евертон

Гибсон кој беше под договор со Јунајтед со 30 јуни реши да се пресели во Евертон а за тоа беше исплатена сума од 500.000 фунти а вредноста може да се зголеми до 1.5 милиони фунти со најразлични бонуси.

“Евертон го комплетираше трансферот на Дарон Гибсон од Манчестер Јунајтед.” – гласеше соопштението на Евертон.

“24 годишниот репрезентативец на Република Ирска стави потпис на четири ипол годишен договор.”

Гибсон е второ засилување за Дејвид Мојс во јануарскиот преоден рок, откако претходно на Гудисон Парк на краткорочна позајмица се пресели Лендон Донован од ЛА Галакси.

четврток, 12 јануари 2012

Горкаф на Олд Трафорд ?

Се понеизвесна е судбината на средниот ред на Јунајтед. Снајдер, Геце и Гомез беа оние кои требаше да ги пополнат дупките во средината минатото лето, сепак цената која ја побараа нивните клубови беше астрономски висока и со тоа се одложи нивното доаѓање на Трафорд на неодреден период.

Иако ветеранот Сколс се врати во тимот, Фергусон сеуште бара долгорочно решение и се смета дека истото го гледа во 25 годишниот креативец на Олимпик Лион, Јоан Горкаф кој би требало да биде соодветна замена за повредените Клеверли и Флечер.
Претседателот на Олимпик Лион Жан-Мишел Олас вели дека играчот е потребен на неговиот клуб, но сепак доколку стигне добра понуда од Јунајтед не би се двоумел да ја прифати со цел подобрување на кариерата на креативецот Горкаф.

Освен Јунајтед, Горкаф го поврзуваат и со Арсенал на чија листа е и зимава, но во овој трансфер период ги нема Наполи и Валенсија на кои французинот минатото лето им беше мета.

среда, 11 јануари 2012

Среќен 55-ти роденден на Capetain Marvell(Bryan Robson)


Bryan Robson роден на 11 Jaнуари 1957 и има 55 години а е поранешен фудбалер и сегашен менаџер.Тој е познат како играч од среден ред кој играл за Манчестер Јунајтед.Тој за Манчестер Јунајтед играл од 1981-та година па се до 1994-та година.Во Март во 2008-та година тој се врати во Манчестер Јунајтед за да работи како Амбасадор за време од 12 месеци.

вторник, 10 јануари 2012

Руни останува верен на Фергусон до крај

Во јавноста се јавија шпекулации дека Руни и Ферги не се во добри односи по изоставувањето на Руни од тимот за мечот со Блекбурн.

Па се појавија гласини кои велеа дека Јунајтед ке го продаде Руни но веднаш се појави демант и од Руни и од Ферги.

Руни повторно ја покажа својата верност и вели дека сака да игра под водство на Ферги до крајот на неговата кариера.

,,Се Алекс е најдобриот менаџер на сите времиња. Секако дека сакам и ке играм под негова палка до крајот на кариерата''- рече Руни.

,,Тој е одличен менаџер и најголемата причина за преселбата во Јунајтед беше тој.''


,,Во моите очи тој секогаш ке биде најдобриот. Неговиот успех и залагањата за тимот и трофеите говорат самите. Тој е неверојатен менаџер кој има сторено многу за клубот и за мојата игра.''

,,Тој секогаш доаѓа пред фудбалерите секое утро а си заминува последен. Неговата верност желба да се победи посветеноста е фантастична.''

Чикарито: Секоја сезона за мене ќе е потешка!

Хавиер Хернандез е решен да продолжи да се подобрува на Олд Трафорд и смета дека ќе треба да работи многу повеќе со цел да остане еден чекор пред конкуренцијата.
Чикарито имаше одлично деби за црвените во минатата сезона во која постигна 20 гола во 45 натпревари, по доаѓањето на Олд Трафорд од Чивас. Сепак повредите ја оцрнија неговата втора сезона во која до сега има постигнато шест гола.

„Иако оваа сезона имам повеќе повреди од минатата, сеуште уживам во неа и секако, учам и работам со цел да се подобрам од ден на ден“.

По неговата појава во Јунајтед се појавија гласини дека може да страда од „Синдромот на втората сезона“ кога одбранбените играчи веќе ќе го знаат неговиот стил на игра.
„Сметам дека секоја година ќе биде потешка и потешка, во првата сезона освен одбранбените играчи исто така не бев познат и за нивните менаџери, во третата, четвртата и сезоните што следат понатаму тие ќе ме знаат уште повеќе.“.

„Сепак добрите играчи како Руни, Ван Перси и Дрогба се тука повеќе од 6 години и пак играат на истото ниво како и порано, треба многу да работам за да го постигнам истото“

Црвените успеаја да се борат со отсуството на Хернандез поради големиот број на напаѓачи на кои Сер Алекс може да се потпре оваа сезона како Бербатов, Велбек, Македа и Диуф.

Хернандез не штеди пофални зборови за неговиот колега Димитар Бербатов кој како препороден постигна шест гола во неговите четири последователни натпревари, но исто така не штедеше зборови и за останатиот напаѓачки кадар.

„Сите знаат дека Бербатов е одличен играч, неговиот допир и техника се неверојатни. Тука е и Wazza ( Руни ) кој е играч од светска класа, па и Дени ( Велбек ) кој оваа сезона многу добро се покажа.“

„Кико ( Македа ) замина на позајмица, но сепак е добар напаѓач, исто како и Маме ( Диуф ). Имаме добри играчи кои играат на тие позиции, но не смееме да го занемариме фактот дека имаме добри играчи на секоја позиција“ изјави Чикарито за MUTV

понеделник, 9 јануари 2012

Избрани најдобрите 11 според ФИФА, Ферги со нова награда!

Фифа ги избра најдобрите 11 играчи за изминатата 2011 година. Составена од играчи на 3 клуба. (Барселона, Реал Мадрид и Манчес
тер Јунајтед) Еве ги избраниците на ФИФА:
Голман- Икер Касиљас
Одбрана- Дани Алвеш, Неманја Видич, Жерард Пике и Серхио Рамос
Средина- Чави Алонсо, Чави Ернандез и Андес Иниеста
Напад- Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Вејн Руни




Сер Алекс Фергусон ја доби наградата за најдобар менаѓер во историјата на фудбалот;
Пеп Гвардиола најдобар менаѓер изминатата 2011 година;
Нејмар најдобар гол за 2011 година.

Пол Сколс се врати!

 Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс се врати во акривно играње фудбал, со цел да помогне во клубот. Сколс го доби бројот 22, а истиот број го носеше во сезоната 95/96.
По тешкиот пораз на Јунајтед од Њукастл, се ширеа гласини како Пол Сколс може да се врати од пензија и да заигра за својот клуб Манчестер Јунјатед. Сколс настапи на натпреварот од Фа Купот против Манчестер Сити. Сколс на овој натпреват одигра одлични 30 минути. Сколс потпиша нов договор со Јунајтед кој важи до крајот на сезоната!

Ливерпул-Манчестер Јунајтед следно коло Фа Куп

 Манчестер Јунајтед по победата над Сити со 2-3, во наредното коло од Фа Куп го доби својот лут ривал Ливерпул. Црвените имаа одличен настап на Енфилд и со петарда го испратија дома тимот на Олдам. Натпреварот ќе се одигра при крајот на овој месец!

Јунајтед подобар од Сити во Фа Куп!

 Највозбудлива пресметка во изминатово коло од Фа Куп беше градското дерби помеѓу Ѓаволите и Граѓаните. Јунајтед на Етихад Стадионот го совлада својот најголем ривал оваа сезона. Сити не успеа да се спротистави на избраниците на Фергусон, со што Манчини и своите фудбалери не успеаа повторно да го победат Јунајтед и да останат во трка за одбрана на титулата во Фа Куп. На овој натпревар настапи легендата на Јунајтед, Пол Сколс кој повторно се врати во тимот за да помогне на своите соиграчи.
 Јунајтед одлично го започна натпреварот. Веќе во 11 минута, Валенсија упати центаршут кон голот на Сити, а Руни лесно ја смести топката во противничката мрежа. Минута подоцна поради остар старт на Компани над Нани, судијата му покажа црвен картон на играчот од Сити. Јунајтед со играч повеќе на теренот го зголеми своето водство на 0-2 во 30 минута, благодарение на младиот Велбек. Во 39 минута беше досудена и најстрогата казна. Руни го изведе пеналот, но голманот на граѓаните се обиде за миг да го зачува голот. Англичанецот од одбиена топка без никаков проблем ја смести топката за водство од 0-3 до крајот на полувремето.
 Во почетокот на вториот дел, Коларов изведе одличен слободен удар за намалување на негативата на 2 гола. Јунајтед ја имаше контролата на играта, но Агуеро ја искористи својата шанса за намалување на 2-3 и приреди возбудливо продолжение на натпреварот. Сити се обидуваше да изедначи, но Јунајтед го зачува водството до крајот на натпреварот со што го елиминира Сити од Фа Куп.